Дома Археологија Јас на вас не треба да ви се допаѓам

Јас на вас не треба да ви се допаѓам

2,641 views
2

 

За само еден и пол век, направен е огромен скок во науката. На почетокот археолозите се изедначувале со мечтатели, томб рајдери и авантуристи. Денеска тоа се генетичари, молекуларни биолози и форензичари. Што е вистина, а што реалност? Постојано велам, можеби звучи сурово меѓутоа археологијата се базира на факти кои како верижен ланец се продукција на физички докази (читај најразлични датирања). “Археологијата бара факти… а не вистината. Ама не било какви факти, туку арт-е-факти. А кога сме кај вистинската реалност се поставува прашањето, дали отсуството на докази е доказ за отсуство? На идентитетот…како што некои го бараат.

A propos мојот претходен пост, национализам во археологијата значи една идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки, со многу пречки. Во XXI век т.н. ангажирани археолози се обидуваат од културното наследство да направат добар маркетинг, па честопати ја употребуваат историјата како оправдување за се, што е поприлично опасен потег и пред се погрешна перспектива на работите.

Норвешкиот археолог Bjørnar Olsen кој се занимава со теориските перспективи на археологијата, во својата книга од Предмет до текст (стр. 245) има кажано:

,,Да се открие дека минатото не одговара на нашите норми, дека е одвратно или едноставно сосема различно, може да биде добра лекција. Тука спаѓа и делот од нашата одговорност како историчари и археолози да ги избегнеме искушенијата за да создадеме комфорно минато. Ние не треба на никого да му се допаѓаме”.

Мојата работа не е да бидам пристрасна, да ги прикажувам само работите кои мене ми одговараат, да ги обработувам само наодите кои се ексклузивни или одат во прилог на некоја теза и да манипулирам со податоците. Во богатиот и колоритен свет на визуелната перцепција, јас сум само една алатка во методолошката постапка при детектирање, откривање и евидентирање на културното наследство кое му припаѓа на целиот свет. Затоа мојата работа не е да ви се допаѓам на вам, ниту на било кого. Мојата работа е да бидам археолог.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име