За оние кои ги пратат случувањата во сверата на праисторијата, веројатно им е позната публикацијата Documenta Praehistorica, која е само пропратна хартиена, а од пред некоја година и електронска верзија на она што еднаш годишно се случува во Љубљана и е познато под името Neolithic Seminar.
Некогашното Porocilo o raziskovanju paleolitika, neolitika in eneolitika v Slovenij, со помош на неговиот нов едитор, професорот Михаел Будја (Mihael Budja) од Одделот за Археологија на ФФ во Љубљана, пред десеттина години прерасна во списание кое ги премина границите на Словенија и како учесници секоја година има илјадници луѓе од Универзитетите и Институтите од Европа, Азија и Северна Америка.
Сите презентации од мулти-дисциплинарните истражувања во PDF верзии се достапни on-line, освен последниот број, кој заради заштита на авторските права е под ембарго една година, т.е. до следниот семинар кој се оддржува стандардно на почетокот од Ноември.
Documenta Praehistorica е непрофитно годишно списание и е едно од водечките во својата свера каде преку интернационални археолошки дебати се развиваат и се разменуваат информации за праисторијата на Евроазија и другите континенти. Искрено, се надевам дека во некој од следните броеви ќе се појави и име на некои од младите и надежни македонски археолози. 🙂