Софтверскиот програм кој кореспондира со работата на Тоталната станица е програмски систем, кој на археолошките екипи им овозможува комплетно внесување на теренските податоци, обработка и нивна можна интерпретацијата. Особено е значаен по завршувањето на ископувањето, кога се сумираат сите постигнати резултати и се групираат и анализираат наодите. Тогаш не само што треба да се имаат во предвид сите елементи на извршеното ископување, туку треба да се изработат и мапирања на наодите, статистички и математички анализи на застапените одредени наоди. Дури тогаш е можна интерпретацијата.
Опис на еден софтверски програм
Потребата за изработка на посебни апликации за прикажување и поврзување на сите овие податоци кој ќе обедини се едно место во вид на дигитална презентација на истражувањето изискува создавање на софтверскиот програм. Првиот кој бил создаден за овакви потреби е Harris Matrix алатка развиена од Британскиот археолог Edward Cecil Harris во 1973 која требало да помогне при истражувањето и интерпретацијата на стратиграфијата на археолошките локалитети.
Постојат голем број на софтверски програми за обработка на податоци добиени од тоталната станица, како 3D моделирање, 3D max, Maya и др. Во зависност од методологијата на ископувањето и реултатите кои сакаме да се добијат од истото, се применува еден од нив. Ние имавме шанса на Винча да работиме со – ArcheoPack.
продолжува