Ако нештата во оваа држава во однос на македонската археологија се помрднуваат, тогаш тоа е благодарение на најновиот проект на MACA (Macedonian Center for Archaeological Research), спонзориран од страна на British Embassy во Република Македонија.
Целта на овој проект е употребата на не-деструктивни археолошки методи при истражување и документирање на културното наследство, преку активности кои опфаќаат тренинг-обука, теренско работење (гео-физички истражувања), и податоци кои притоа се добиваат и се споредуваат.
Планираните активности подразбираат и вклучување на стручњаци од институции како: University College London, English Heritage, The Landscape Research Centre (York), Dept of Archaeology, University of Leeds и RESCUE – The British Archaeological Trust.
Е па ај со среќа нека им е проектот. 🙂