Дома Администрација Прирачник за коментирање

Прирачник за коментирање

4,824 views
0

Постовите на овој сајт се мои. Со самото тоа го кажувам својот став или дел од него што значи дека не морам да реплицирам доколку не гледам потреба, а можам да одговорам доколку сакам.

Не се толерира спамирање, навредување, лични напади кон авторот на сајтот или некој од неговите коментатори.

Коментарите на сајтот не го одразуваат моето мислење, туку ставот на персоната која го напишала. Секој е одговорен за својот коментар.

Критериумот за елиминирање подрзабира оф топик и непристојни коментари кои ги бришам без реплицирање. Оф топик коментари се земаат во предвид, само во случај да не се навредливи по никого.

Веќе постирани коментари не модерирам.

Бидете љубезни, дури и по цена на тоа да не се сложувате со мене или со останатите мислења на постот каде коментирате.

Бидете конкретни на темата која ја коментирате.

Ова е мој сајт и правилата ги правам јас.

Од време на време го задржувам правото за измена без да најавам.

Претходни текстовиМУМИИТЕ ОД СЕЛО ЛИПКОВО
Следни текстовиЧПП
Здраво. Моето име е Василка Димитровска, магистер по археологија, директор на ХАЕМУС, консултант, менаџер на наследство и сертифициран интерпретатор. Читаш оригинални текстови на мојот личен веб сајт. Ти благодарам и го ценам твоето време посветено на моите белешки.