10th March 2010

Антиката е за во кафана, ама и за на бина

Откако видеово ги сврте фејсбук, твитер, блоговите (1,2) и послужи за потсмев кај корисниците, а подоцна се појави на А1, редно е да го архивирам и на мојот сајт. Ова е т.н. ”Античкото оро” кое го игра КУД „Никола Карев“, ансамбл од Австралија. За кореографијата и костимографијата имаат чиста десетка. A видеото е интересно за набљудување чисто како антрополошки феномен за некоја магистерска, а богами и докторска дисертација. :roll:

А сега погледнете го следното оро одиграно од јапонци. Го сподели своевремено еден мој пријател на фејсбук кој имал можност да претстојува во оваа далечна земја, каде има неколку ансамбли кои го негуваат македонскиот фолклор со огромна страст и почит, просто човек да им подзавиди. :)

Bookmark and Share

posted in Антропологија, Архео TV 2.0, Етнологија, Рана антика | 0 Comments

10th January 2010

Видео презентација: New Media – Cultural Heritage Preservation Insomnia

Видео белешка од мојот настап на конференцијата Е-society 2009 (I Media), организирана од Фондацијата Метаморфозис

Holliday Inn, Скопје, 02.12.2009.

Остатокот од приказната ја има тука.

Настапот вклучи монтиран видео материјалpower point презентација и текст.

Our common heritage is our temple of knowledge.

Blog about your cultural heritage and protect it!

Blog for Your Cultural Recognition


Bookmark and Share

posted in Архео TV 2.0, Археологија, Конференција, симпозиум | 0 Comments

26th December 2009

Љубојна – како современо културно наследство

Не постојат многу музички групи во Македонија кои можат да ме натераат да си ги преиспитам своите сопствени корени. Од древните задимени и правливи кафани во минатото каде со столетија се негувала македонската народна песна, па се до миксот од современи звуци и етно мелос кој македонскиот народ го носи во својот генетски код. Доволно автентично обоен со звуците на фолклорна изворна традиција, за да ни прикаже колоритност на еден свет за кој носталгично се присетуваме.

Притоа треба да си поет над поетите за да го опееш и да го натпееш најголемиот од сите, оној кој го сакал, живеел и го обожувал битот на својот народ – Петре М. Андреевски. Зошто ако некогаш Петре Андреевски воопшто ја замислил својата ненапишана книга како сублимат од своето творештво, тогаш таа мора да е спакувана под обвивките на вториот албум на Љубојна чиј наслов е според неговата истоимена поема од збирката „Дениција“. Инкорпорирајќи ја етно-музиката како основа за своите дела, надградена врз поезијата на Петре М. Андреевски, оплеменета со европски звуци, но доволно разбиена со призвукот на ориентот, етно-групата Љубојна светови отвора и стил дарува кој е свеж како духот на нашето совремие. Една креативна рамка енергично истражена, цврсто изградена и притоа космополитски настроена. Неповторливо оригинална, а притоа надградена со џез, фанки, рок и поп звуци, оваа музика ни раскажува за емоциите на едни луѓе таму во една земја, со сите нивни севременски радости и таги сместен во неколку минутни песни. Презентирајќи на овој начин дел од богатото македонско традиционално духовно богатство, постојат големи шанси да останеме запишани во разноликиот свет на народите. Колку може да биде долга човечката меморија ако не е запишана во некаков облик? Оти незапишано – неслучено!

Од оригиналот “Песна за мојата песна” (Дениција, 1968)

Доблеста и предноста помеѓу луѓето е во различноста. Или можеби во сличноста … Или само не потсетува на тоа дека културните разлики се она што не прават “луѓе”. Постојат многу ентитети кои Македонија може и ги дарува како дел од шаренилото на етнолошките идентитети. Но во моментов освен со ,,Танец”, “Синтезис” и “Баклава” баш и немаме со што многу да му се пофалиме на светов. Затоа музиката на Љубојна која е добар обид да се зачува дел од традицијата, ќе (ви) раскаже токму кои сме ние, од каде доаѓаме и што во себе носиме.

Не мора посебно да се објаснува што спаѓа во категоријата на нематеријално културно наследство. Релацијата помеѓу недопирливото и опипливото културно наследство е нераздвојна. Вистинското депо за едно наследство всушност е човекот, а телото е само “музички” инструмент со кое тоа стапува на сила и се материјализира. Не можеме да го избегнеме нашето невидливото богатство. Но, прашање е дали ќе го препознаеме? Зошто Љубојна и нивната музика се толку достојни за почит, што буквално треба да се заштитат со закон како културно наследство.

Bookmark and Share

posted in Архео TV 2.0, Културно наследство | 1 Comment

16th December 2009

Архео ЕПП

Неколку реклами во кои е вклучена археологијата и различните пристапи при третирање на минатото … секако погледнати од маркетиншки апект.

The first one is definitely the best example of commercials engaging archaeology.

Bookmark and Share

posted in Архео TV 2.0, Археологија | 0 Comments

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes