Дома Археологија Дестинација Македонија – Патувајте, учете и забавувајте се со необичните тури на...

Дестинација Македонија – Патувајте, учете и забавувајте се со необичните тури на ХАЕМУС

2,653 views
0

Постои ли човек кој не сака да патува? Познавам луѓе кои се секогаш подготвени за добро доживување и авантура, а за тоа да не е неопходна авионска карта. Но секако, пред да го  прошетатe и да го запознаете светот, убаво е да го познавате и да се гордеете со сопственото културно наследство.

Момент од едукативната тура на ХАЕМУС низ „Палатите на старо Скопје“, одржана на 20.05.2018

Оваа година за прв пат (откако се организира веќе четврта година по ред) со тимот на ХАЕМУС решивме да се приклучиме кон една од најголемите кампањи на Групер.мк и да им ги покажеме на сите љубители на културното наследство „скриените“ катчиња покрај кои катадневно поминуваат, а сè уште не ги познават.

 
Секојпат кога ја организираме со ХАЕМУС и особено кога јас ја водам, Турата низ Отоманското наследство на Скопје предизвикува огромен интерес кај посетителите

Турите кои ги организира ХАЕМУС се необични и ретко може да се најдат на пазарот, бидејќи се создадени на тој начин додека трае прошетката да бидат во активна интеракција со учесниците. Посетителите добиваат многу едукација, но и споделуваат знаење и информации за спомениците кои се посетуваат, покрај кои поминуваат катадневно, а сепак многу малку знаат за нивното значење. Ќе се сложите дека сите сте јаделе ќебапчиња во Старата скопска чаршија, а не знаете дека објектот е културно наследство, или поминувате покрај некоја зграда што некојпат била хотел и не сте биле информирани дека во него 10 години престојувал човекот кој бил основа за градење на карактерот во филмот „Гркот Зорба“. И секако, ретко кој имал можност да дојде со професионален археолог како водич низ Едукативна тура – По стапките на древните Римјани, а притоа за време на прошетката на локалитетот Стоби да има можност да биде облечен во автентичен римски костум и да дегустира мулсум, тип на древно римско вино со мед и зачини.

И официјално започна кампањата „Дестинација Македонија“ во која ХАЕМУС и Grouper.mk ја истражуваат нашата Македонија! Сите тури се создадени со цел да поминете низ искуство, знаење, интеракција и секако многу забава додека го запознавате културното наследство на Република Македонија. Во рамките на оваа кампања се вклучени следните проекти кои покрај зделките на Групер имаат и свои содветни страници на фејсбук:

🔴 Едукативна тура низ „Отоманското наследство на Скопје“ – 14.10.2018
🔴
 Едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“ – 21.10.2018
🔴 
Едукативна тура – По стапките на древните Римјани – 28.10.2018
како и
🔴
 Серија на ексклузивни предавања за „Меѓународен ден на археологијата 2018“ – 17.10.2018

Во рамките на Едукативната тура – По стапките на древните Римјани ќе биде вклучена и можноста посетителите да носат автентични римски костуми и да дегустираат мулсум

На овие настани ќе има прошетки, предавања, понекое вкусување на храна и за секој посетител загарантиран подарок со цел никојпат да не заборави какво богатство поседуваме во Македонија. Настаните ги организираме цел тим, честа да ги водам турите ќе ја имам јас, а верувам дека задоволството на партиципантите ќе биде големо. Ве очекувам со тимот на ХАЕМУС на една голема дружба. 🙂

Дел од атмосферата за време на Меѓународниот ден на археологијата во 2104. год. Видеа од предавањата може да се погледнат тука

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име