Home Културно наследство Учење на туризам по брза постапка со водичот на Lonely Planet

Учење на туризам по брза постапка со водичот на Lonely Planet

1,505 views
0

Поминаа скоро една недела од радоста кога Lonely Planet ја постави Македонија како една од топ 10 дестинации во своите објави за 2014 година. Оваа вест навистина добива на тежина, ако се земе во предвид дека се работи за една од најреномираните туристички компании во светот чиишто печатени водичи се продаваат во милионски тиражи. Компанија која покрај се друго, има и сопствен печатен водич за Македонија, што ние дури ни како држава го немаме.

Skopje walking tour2 - 2013

Кој знае колку пати сум давала изјави на телевизија и сум пишувала за пропустите и киксовите во домашниот туризам. Од непостоење на туристичка полиција, лоши и неедуцирани водичи со лиценца, несредени споменици, па се до односот на туристичкиот сектор кон странските посетители. Имав среќа уште додека студирав археологија, да почнам да работам во секторот кој се занимава со сферата на ,,културниот туризам“. Повеќе од една деценија партиципирам на различни начини, од домашниот туризам се до National geographic, следејќи ја својата желба да ги промовирам големото културно богатство и фолклор кои потекнуваат од територијата Република Македонија. Автор сум на голем број проекти, брошури, каталози, текстови по нарачка за различни субјекти како и инкаминг програми, од кои повеќето се достапни на интернет. Во светот на туризмот е познато дека се што добро ќе се ‘спакува’, може и да се продаде.


Дел од материјалите за програмата Macedonia Vision

Во моето интервју кое неодамна го дадов за порталот Cooltura.mk бев запрашана дали умееме науката (археологија, етнологија, историја) да ги ставиме во служба на туризмот и „да го наплатиме“ нашето културно богатство?

Од лично искуство би рекла дека за сега не умееме науката да ја ставиме во служба на туризмот, пред се’ бидејќи е мал кванитетот на научните трудови врз чија основа треба да се базираат подоцна спакуваните туристички производи. Од друга страна чинам дека туристичкиот сектор се уште ја нема во доволна мера сфатено улогата од консултацијата со професионалците од областа на културно-историското наследство на Македонија. Овој приватен сектор може да овозможи пократко или подолотрајно најмување на широк научен дијапазон или пак вработување на голем број мои колеги.

Интересно е што во меѓувреме, се случија две важни работи. Првата беше децентрализацијата на општините, на кои им припадна честа да се грижат за културните и археолошките ресурси кои се на нивната територија. Втората, која според мене е многу поважна, е промената во законите на РМ кои овозможија јавно-приватно партнерство. Тука некаде го гледам и спојот на археологијата како наука со туристичкиот сектор; помеѓу стратегијата за менаџирање со културните добра, обуката на човечки ресурси за стопанисување на истите, па се до нивна валоризација и промоција.

интервјуто за порталот cOoLTuRa.mk

Заклучок:

Покрај тоа што сум археолог, исто така сум и лиценциран туристички водич. На годишно ниво сигурно ми поминуваат по неколку илјади туристи, како поединци или како групи. Лошата инфраструктура, недостапните патишта до локалитетите, непостоење на сигнализација до несредените споменици, отсуството на публикуван туристички материјал и неедуцираноста на локалното население за турзмот се само мал дел од слабостите со кои секојдневно се соочувам на терен. За електронска презентација не сакам ни да зборувам, доцниме точно онолку колку што постои интернетот.

Skopje walking tour 2013

Од друга страна и покрај тоа што Македонија го носи името на еден од најголемите антички владетели, туристите сепак го почитуваат и доаѓаат да го посетат големото богатство што како аманет ни останaло од византискиот и од отоманскиот период. Треба да се гордееме со севкупното културно-историско наследство на Република Македонија, но исто така треба да најдеме повеќе начини да му го продадеме на светот.

Не сметам дека државата треба сама да го понесе овој товар, зошто на крај краева туризмот е приватен секор и секој инволвиран субјект мора да ‘инвестира’, доколку сака добивка. Но бидејќи не знаевме самите туристички да се ‘спакуваме’ за 22 години, ќе мораме да го научиме тоа за 6 месеци, по брза постапка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here