Home Антропологија Виничката мистерија – приказ на книга

Виничката мистерија – приказ на книга

2,394 views
0

Во ноќта наспроти Павловден, на археолошкиот локалитет Виничко Кале во Виница, беше промовирана книгата ,,Виничката мистерија” од  д-р Елизабета Димитрова. Оваа прва вистинска монографија за Теракотните икони ни сведочи за времето кога настанале мистериозните уникатни артефакти од периодот на 5 и 6 век, во Македонија означен како доцна антика или почеток на средниот век. Оригиналите кои се пронајдени во 1979 година на локалитетот Виничко Кале, се наоѓаат во перманентната поставка на Музејот Теракота, а доста често патуваат и по изложби низ светот. Со последните кампањи на археолошки ископувања, ‘иконите’ на кои се претставени старозаветни и новозаветни сцени, надополнети се со уште неколку пронајдени оригинални примероци. Сите задено се детаљано елаборирани во книгата на македонски и англиски јазик, пластично доловени преку фотографии, илустрации, цртежи и реконструкции. Подолу во текстот е вгнезден еден приказ за книгата со опис на комплетната содржина.

Елизабета Димитрова – Виничката мистерија

Книгата „Виничката мистерија“ на проф. д-р Елизабета Димитрова може да се купи во Музејот на град Виница по цена од 2000 денари. Во книжарите ќе може да се купи, од октомври натаму. Во меѓувреме, можете да ја нарачате на muzejterakota@yahoo.com, ќе ви ја достават бесплатно. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here