Дома Археологија Forum Romanum Stobis II

Forum Romanum Stobis II

3,922 views
2

Стоби, најголемиот и најраскошниот археолошки локалитет во Република Mакедонија е дестинација која не може да се одмине доколку се движите по автопатот Е75. Поради својот просторен и временски обем на град кој функционирал како муниципиум, Стоби е локалитет на кој е најмногу зачувана архитектурата од римскиот и ранохристијанскиот период. Овој момент е доста важен, бидејќи посетителите мошне лесно при неговата посета може да се збунат и да се изгубат низ вековите мислејќи дека Стоби изгледал така како што го гледаат во моментов.  Но сите оние градби кои денска постојат во Стоби се всушност резултат на долгогодишните археолошки ископувања, заштита и конзервирање на објектите.

Во Римскиот Форум со моите пријатели, летото 2007

Еден од објектите во Стоби кој е долгогодишен предмет на интерес е т.н. Градба со Арки или повеќе познат под неговото работно име како Римскиот Форум. Пред извесно време излезе книгата ‘Forum Romanum Stobis’, Том II, каде се поместени резултатите на археолошките истражувања на ‘Римскиот Форум’ во Стоби кој е започнат активно да се ископува во периодот помеѓу 2003-2009. Автори на оваа книга се археолозите Мила Шурбановска и д-р Антонио Јакимовски, а публикацијата е издадена во рамките на истражувачки проект: ‘Археолошка и туристичка валоризација на римскиот град Стоби’. Пред оваа публикација, следеше приот том од едицијата, а пред него еден каталог кој може да се симне тука.

Се работи за една градба од монументален карактер која била на два спрата, во долниот дел поддржана со арки, во чии ниши имало склуптури, а дел од нив биле и позлатени. Веројатно била изградена кон крајот на I век, а функционирала некаде до средината на IV век. И покрај работно име како Римски Форум, повеќето од археолозите се сложуваат дека оваа Градба со Арки всушност бил објект кој најверојатно се наоѓал во близината на Градскиот Форум (плоштад). Но секако многу повеќе информации можете да прочитате во книгите.

Би сакала јавно да ги пофалам колегите кои се автори на овие книги, бидејќи вистинската валоризација на културното наследство не е археолошкото ископување, туку неговата публикација и презентација пред јавноста и пошироката читателска публика заинтересирана за древнините.

2 КОМЕНТАРИ

  1. […] научно-популарен текст, и овој пат решив да пишувам за ‘Градбата со арки’ или т.н. Римски Форум во Стоби, бидејќи овој локалитет навистина го […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име