Home Археологија Златната маска од Охрид патува надвор од Македонија

Златната маска од Охрид патува надвор од Македонија

4,210 views
5

На 30 септември 2002 год., со систематски археолошки ископувања кај Горната Порта во Охрид, откриена е гробница со седумдесеттина гробни прилози од разновиден материјал (керамика, ќилибар, стаклена паста, железо, бронза, сребро и злато). Помеѓу нив се пронајдени два артефакта од посебно значење поради својата ексклузивност: една златната посмртна маска и една златната ракавица со златен прстен. Ова епохално откритие за македонската, но и за балканската и европската археологија треба да фрли дополнителна научна светлина во разјаснувањето на надалеку прочуената некропола во ‘Требеништа’ крај Охрид, кадешто во првата половина на 20 век, во 1918 година и 1934 година се откриени исто така четири златни маски (денес две во Белград и две во Софија). Временската припадност на оваа гробница од Охрид и на сите наоди во неа е 5 век пр. н.е., со слична датација како и останатите златни маски кои не се веќе во Македонија.

Фотографија на златната маска и ракавица од Охрид
Фотографијата е сопственост на © УЗКН

Од причина што никаде не можат да се најдат релевантни информации кои граѓаните би сакале да ги прочитаат за овој артефакт, своевремено на Македонската Википедија беше поставена една наменска статија за златната маска од Охрид. Но и она што е напишано на Википедија треба да се земе со резерва, и потребно е да се ревидира и апдејтува, од причина што е краток сублимат на она кое е кажано за оваа маска на еден далечен симпозиум во 2004 година во Гевгелија, и на некои информации што се веќе познати од претходни публикации.

Колку што јас можам да си спомнам, ако грешам душа нека ме поправат колегите, но освен еден официјален труд од 3 страни, не можев да најдам ништо друго публикувано за овој артефакт. Ако постои, слободно додадете ја публикацијата во коментарите, додека пак споменатиот труд посветен на златната маска од Охрид е вгнезден подолу во постот.

The golden mask from Ohrid, Republic of Macedonia

Според Законот за културно наследство кој може да се симне од сајтот на УЗКН (Управата за заштита на Културното наследство), археологот кој истражувал одреден локалитет има право во рок од три години да ги објави резултатите  и да ги предаде движните наоди на својата матична институција или друга национална музејска установа. Како надокнада за неговиот труд, државата му го дава на археологот научното право од тие три години за да може наодите кој ги пронашол да ги обработи и научно публикува. Потоа наодите се враќаат во институцијата која е задолжена за нив и по закон му припаѓаат на секој граѓанин на РМ, т.е. “Грижата за културното наследство и неговото почитување е должност на секој граѓанин” (ставка 5, член 7, глава I од Законот). Понатаму, артефактите мора да се достапни за секој оној кој ќе изрази желба да ги проучува. Арно ама, непубликување на наодите е една многу болна точка на македонската археологија која се провлекува веќе со децении и треба да се стави крај на сета таа несериозност во односот кон нашето културно наследство.

Археологот кој ископувал е само една методолошка алатка во целиот процес на пронаоѓање, детектирање, ископување, презентирање и публикување на наодите од едно археолошко ископување. И не постои ставка од Законот според кој тој може да ги држи наодите 5-10 години, притоа да не ги публикува или пак да не ги даде на некој субјект заинтересиран за истите. Секое недоследно спроведување на законот, автоматски е и негово прекршување.

Од непознати причини, златната маска повеќето од македонските археолози ја немаат видено во живо и никогаш од 2002 година до сега не била изложена пред јавноста, стручна и нестручна. Но ете, на изложбата ‘Христијанството во Македонија’ која ќе биде отворена од 8 февруари во холандскиот град Утрехт, Холанџаните ќе ја има честа први да го видат овој ексклузивен артефакт од Македонија кој не потекнува од христијанството туку од 5 век. п.н.е. Блазе си им! 🙂

5 COMMENTS

  1. Нема да зборувам зошто тоа нема доволно вакви изложби во Македонија и зошто толку оскудна документација постои за предметите (кои сепак се ретки, знаеме дека некои и се продаваат и излегуваат надвор од државава) туку за друго нешто:

    Маската на сликата горе и маската на сликата од линкот до brkajrabota.mk не се истите, колку што приметувам.
    1. сликата на линкот, горната текстура (еве ќе го викам лента) не оди до крајот горе лево, на оваа тука оди.
    2. очите и веѓите не се исти (и на таа на линкот веѓите се поблиску)
    3. на таа на линкот има дупче (можеби е реставрирана, еве нема ова за аргумент да го сметам, ама мора да се наброи во разликите)
    4. пределот помеѓу носот и устата е различен
    5. на оваа тука има ленти околу целото лице (вкупно 5), на таа на линкот нема фалат 2 те ленти доле

    Или ептен ‘добро’ ја реставрирале, или има и маски lookalikes за естетски цели за украсување по дома па некој по грешка таква сликал (пр. да речеме дека е таква таа на линкот), или незнам..

  2. May I have a suggestion that some of findings and comments posted here are also made in English. Some people living in EU may possibly not understand how serious is this publication made online. For example : some visitors who will see the mask in Holland may wish to know what the author of this post wanted to transfer to EU audiences. ” Потоа наодите се враќаат во институцијата која е задолжена за нив и по закон му припаѓаат на секој граѓанин на РМ, т.е. “Грижата за културното наследство и неговото почитување е должност на секој граѓанин” (ставка 5, член 7, глава I од Законот). ” If you believe you an important message related to the gold mask, could you please kindly notice some EU institutions and some EU citizens do not read Cyrillic. Thank you for your understanding 🙂

  3. Is it possible that some of this publications is also available in English , please? Your post and comments bring publicly some news related to the event that is important to presentation of the Macedonian heritage in Holland the next month (and people living in EU as well). Your post is written in Cyrillic , and as such I presume may have a limited audience. You say, you quote vital issues. So why you do not prefer to write it in English, the same way you kindly reported New Year’s tour to Istanbul ( I mean reporting it in English and Macedonian simultaneously ). Fala mnogy 🙂

  4. moondowner,

    се работи за различни маски. Онаа која е пронајдена на Горна Порта во Охрид е на фотографијата од овој пост, додека пак на линкот од порталот е ставена фотографија од една од претходно пронајдените маски.Ископувањата се вршени во 2002 година и не се сомневам дека постои одлична документација за наодите. Работата е во тоа што до сега златната маска не е изложена во јавноста и ете дури и јас како археолог ја немам видено. Исто така публикациите за овој вреден и несомнено интересен артефакт за сега се оскудни, па се надевам дека во иднина ќе излезат барем неколку раскошни монографии, како што тоа доликува во научниот свет за наоди од овој тип. 🙂

  5. Mr. Pigon,

    in the FAQ of this site is stated that I wrote my articles in Cyrillic because they are intended for the people who speaks and writes Macedonian language. Otherwise, I also write in English, but on my blog dedicated for that purposes . For any further question about the publications and mask which derives from 5 century BC and it will be display in the exhibition with the Christianity (4-7 century AD) as a conception, you have to consult the excavators of this incredible artefact. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here