Дома Антропологија БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ

БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ

4,899 views
5

Апдејт: Тука може да се причита како помина турата низ отоманското наследство на Скопје

________________
Организатор и домаќин: Димитровска Василка
Тип: Еднодневна тура низ Скопје
Датум: Недела, Ноември 14, 2010
Време: 12:00 – 14:00 pm
Локација: Пред портата на Стара чаршија (влезот од Бит пазар)
Град: Скопје, Македонија

Итинерар: Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија, Отоманскиот период на Скопско Кале.

На крајот од турата ќе следи дегустација на вината од винаријата ‘Картал‘ во едно од кафулињата во стариот дел од градот. 🙂

Во недела на 14.11.2010 за сите граѓани организирам бесплатен разглед на градот Скопје со посета на културно-историските споменици од отоманскиот период за кои не се потребени влезници. Доколку институции, агенции или фирми сакаат да поделат промотивен материјал, ќе ги замолам навреме да ме контактираат на info@arheo.com.mk.

Остатоци од Шенѓул амамот до Куршумли ан

Поканети се сите заинтересираните граѓани на една необична прошетка низ Отоманското наследство на Скопје. Се посетуваат наведените локации, а турата ќе почне од Портата на Бит Пазар преку која се влегува во Стариот дел од градот Скопје, познат и како Стара чаршија.

Ова се традиционални тури кои секоја година ги организирам за сите пријатели од фејсбук и твитер. Се надевам дека сте заинтересирани и се гледаме на едно убаво дружење.

Настанот е подржан од туристичката агенција ‘САВАНА‘, порталот за туризам travel2macedonia.com.mk и порталот Панорама, како и Винаријата ‘Карталов‘. 🙂

Настанот со своја страница на фејсбук

Контакт на e-mail: info@arheo.com.mk

Со група пред Даут Паша Амамот во Скопје

5 КОМЕНТАРИ

  1. […] БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈ… е мој личен проект кој го замислив како увод во претстојниот празник на верниците од исламска вероисповест, Курбан Бајрам кој годинава паѓа на 16. Ноември. Итинерарот ги опфати следните споменици: Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија и Отоманскиот период на Скопско Кале. […]

  2. […] БЕСПЛАТЕН РАЗГЛЕД НИЗ ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈ… е мој личен проект кој го замислив како увод во претстојниот празник на верниците од исламска вероисповест, Курбан Бајрам кој годинава паѓа на 16. Ноември. Итинерарот ги опфати следните споменици: Султан Муратова џамија (со Саат кулата), Гази Иса Бегова џамија, Исхак Бег (Алаџа) џамија, стар дел од градот (Куршумли ан, Безистен, Сули ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам), Скопското кулие, Мустафа Пашина џамија и Отоманскиот период на Скопско Кале. […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име