Дома Археологија Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап

Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап

2,684 views
1

На покана од New York University Skopje во мај 2008 година учествував на Конференцијата Glocal 2.0 со темата ,,Blogging Archaeology: Creating an Open Access Source for Knowledge“. Со текот на годините, како археолог, но и како активен блогер, се покажа дека археологијата во спрега со Новите медиуми е одлична релација за надградување на знаењето во дигиталниот свет. Во отсуство на публикации, јавни дебати и конференции, интернетот е во моментов единствениот извор за новите пронајдоци во македонската археологија. Текстот беше публикуван два пати, еднашка на македонски јазик во списанието ‘Културен жнивот’, и еднашка на англиски јазик во ‘АРХЕО’, најпрестижното списание за археологија во Словенија.

Со истата, но апдејтувана и освежена тема настапив на XX редовен симпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво, иако не сум многу најсигурна колку колегите ме разбраа што сакам да кажам, оти не добив ниту еден коментар.

Во текстот е поместено моето искуство, сите предизвици и проблеми со кои се соочив изминатите години на Интернет додека блогирав за археологијата. И покрај тоа што овој тип на блогирање се уште нема добиено академски статус во светот, сепак постојат значителен бројот на сериозни Археоблогови кои третираат одредени теми од археологијата или културното наследство.

Некои од прашањата со кои се бавам се: како ќе знаете дека мојот блог е веродостоен, како ќе распознаете квази-наука од вистинска археологија, како се прави проценка на содржината на еден археолошки научен блог и секако одговорот на прашањето како да се креира отворен пристап на знаење кое може да го обликува интернет заедницата.

Немојте никогаш да заборавите дека: За некои генерации, Новите медиуми се единствениот извор на инфомации.

Блог-Археологија, создавање извори на знаење со отворен пристап

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име