Дома Културно наследство Улогата на УНЕСКО при недозволената трговија со културни добра

Улогата на УНЕСКО при недозволената трговија со културни добра

2,785 views
4

Која може да биде улогата на УНЕСКО за да ја спречи недозволената трговија на археолошки артефакти и културни добра? Дали мислите дека УНЕСКО како меѓународна организација може да одигра добра улога во ова чувствително прашање? – беа некои од прашањата кои ги постави професорот Стефан Уриц (Stephen Urice) на предавањето во Американското катче пред една недела.

Преку примерот на САД кој во поглед на внесување и изнесување на културните светски добра има прилично либерален закон, Стефан Уриц истакна дека токму законот за слободен увоз на културни добра овозможило да се создадат приватните музеи. Всушност во САД сите музеи се приватни (не постои државен музеј како во Македонија), а обртот на културното наследство е во рацете на приватниот и невладиниот сектор. Секако, и тие имаат проблеми, најмногу со Законот од 1991 година кој ја исполитизира дополнително американската заедница. Според овој акт, ако културното добро (од некое индијанско племе) е најдено на пример на приватен имот, тогаш законски припаѓа на сопственикот, кој доколку сака може да им го врати на племето, а во обата случаја не е дозволена употреба во комерцијални цели и публикување. Токму приватниот сектор е оној кој не дозволува комерцијална употреба на културни добра и затоа многу малку слушаме за археолошките откритија во оваа држава.

Сама по себе УНЕСКО не е организација која технички и правно може да ги наметне и да ги реши овие прашања како во рамките на другите држави ќе гравитира и на кој начин ќе се ограничува извозот и увозот на културно добра со државни или меѓународни закони.  Но затоа може на своите членки да им помогне да развијат одреден број на конвенции како легални инструменти кои подоцна доколку ги усвојат во сопствените земји преку нивна ратификација, се сложуваат со заедничките ставовите при заштита на културното богатство од ограбување и недозволена трговија.

Но првата и основна работа која ја истакна Уриц, е дека секоја земја мора да има ЛИСТА НА ПРЕДМЕТИ кои се третираат како културно добро. Се прашувам како тоа ќе функционира кај нас, кога ние немаме ни листа на споменици, а не пак на предмети. Оти без писмен доказ не може да се бара еден предмет да биде вратен во матичната држава. Како ќе го докажете неговото автохтоно потекло? Или со други зборови како што велат археолозите, ако не е заведен во нашата документација, предметот воопшто не постои.

4 КОМЕНТАРИ

  1. […] This post was mentioned on Twitter by Vasilka Dimitrovska, Vasilka Dimitrovska. Vasilka Dimitrovska said: [нов блог пост] Улогата на УНЕСКО при недозволената трговија со културни добра http://bit.ly/bL5Je6 […]

  2. Dokolku nekoj so “mok” go cita ova:
    Dajte luge, napravete lista na predmeti, pa sto cekate.
    Neka se angaziraat site mladi nevraboteni arheolozi – da im se dade po eden reon, eden aparat, eden laptop i 5 meseci.
    Mislam deka toa ke bide najdobar proekt koj ke drzi sila za sledni generacii.
    xx

  3. Alexandra,

    благодарам на коментарот, ова е мошне добар предлог, но за жал едноставно се нема слух од некои ‘ентитети’ како всушност треба вистински да се работи во областа на културното наследство кое потекнува од територијата на една држава. Иако, тоа е само привидно, зошто наследството всушност му припаѓа на целиот свет.

    Не знам дали си запознаена, но може да се најдат информации на интернет, пред 2 години стартуваше извесен ‘Проект за дигитализација на културното наследство’, но ете, и по толку време нема никакви видливи резултати.

  4. убаво е да се слушне и понешто да се научи од туѓите искуства и закони.
    ние тука не сме имале индијанци пред нас( не го велам ова пезоративно!!!, во УСА и те како има национални музеи, во Филаделфија, Вашингтон, Бостон. но тие исто така прават и го откупуваат правото на репродукции на античките арте факти од националните музеи во државите каде што припаѓаат за во нивните колекции. А во однос на правото на приватна соспственост голем дел од археологијата и те како трпи на пример во Порторико градот Понце главен и најголем археолошки локалитет од 11 век,од 18 век па се до 20 век соственикот прво шпанец па португалец не сакал воопшто ни да помисли за археолошки ископувања го користел земјиштето за свои потреби, денес е откупено од државата има некој ископи доста апстрактни само за археолози да ја разберат приказната и има прекрасен музеј со комплетни реконструкции на подвижните наоди почто не останал ниту еден ,има и прекрасна ботаничка градина која е и поголемата туристичка атракција.

Leave a Reply to gordana

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име