Дома Археологија Мојот дигитален микроскоп

Мојот дигитален микроскоп

3,268 views
1

По долго чекање конечно пристигна мојот дигитален микроскоп од марката Celestron и тоа via Бугарската федерација за астрономија со седиште во Софија. Самиот микроскоп е минијатурен (долг е 10 см а тежи само 113 гр.), пропратен со метален сталак за статично снимање на фотографии или видеа од разни позиции. Има автоматско осветлување кое се вклучува кога преку УСБ-то ќе се припои кон компјутерот, а со него оди инсталационен програм (компатибилен со PC и MAC) со кој подоцна лесно се ракува.  Зголемувањето е од 10 до 150 пати што е сосема доволно да се види површината и структурата на артефактите, а погоден е и за микроистражувања на предметите.

Површина на камена алатка од суровина т.н. Balkan flint from Neolithic Macedonia

Микроскопот е идеален за проучување на детали кај многу предмети, како на пример: поштенски марки, карпи, минерали, инсекти, растенија, различни материјали од типот на текстил, додека во археологијата може да се употребува во работата со монети, мали украсни предмети изработени од различни полускапоцени камења, и воопшто артефакти кои се од предмет на истражување кај археолозите. Јас го набавив специјално за проучување на камените алатки кои ги работам и препознавање на трагите од употреба (житарици, пигменти, дрво) од разни материјали кои ја изабиле нивната површина.

Силикатен сјај од житарици врз површината на кремените
алатки вметнати во трибулумите

Рачниот дигитален микроскоп како за својата намена и функција е релативно ефтин. Ако јас можам како поединец да го имам, тогаш за институциите, музеите и факултетот по археологија треба да биде задолжителна алатка при работата со артефактите.

Површината на мојот молив за цртање 🙂

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име