Home Антропологија Живеејќи во сенката на пепелот

Живеејќи во сенката на пепелот

1,273 views
0

Во изминатиов период бевме сведоци на тоа како луѓето се справуваат со вулканските ерупции. Причната беше ерупцијата на еден вулкан на Исланд која предизвика хаос во воздушниот сообраќај низ Европа и светот и буквално го парализираше скоро цела недела. Во меѓувреме, додека луѓето чекаа со денови на аеродромите за да тргнат кон своите дестинациите, во оптек беше пуштен попустот на книгата Living Under the Shadow, Cultural Impacts of Volcanic Eruptions, која ги претставува сериозните истражувања на научниците за тоа како луѓето во минатото се справувале со вулканите.

Кога сме веќе кај археологијата и вулканите, како мала дигресија на оваа ситуација со исландскиот вулкан, би сакал да напоменам дека базата на податоците за римските куќи секако најмногу ја добиваме од античкиот Рим. Но, дури и во стариот Рим со текот на вековите се менувал изгледот на куќите, па тие денеска претставуваат мешавина од стилски епохи. Всушност ние целосно и потполно ги запознаваме формата и изгледот на римските градски населби откако биле откриени градовите Помпеја (Pompeii) и Херкуланум (Herculaneum) кои во 79 год. н.е. ги затрупала ерупцијата на блискиот вулкан Везув (Vesuvius). Кога бил симнат покривот од пепел (инаку ископувањата траат се’ уште) се покажал град со улици и продавници, јавни згради и приватни куќи, во кои се сочувале сите апарати, сликарски и вајарски украси, мебел и огромен број на предмети за потребите на секојдневниот живот. Во тој поглед Помпеја е еден од најзначајните археолошки вредности на сите времиња и таа придобивка му припаѓа на целиот свет.

Инаку секој археолог во текот на својата кариера би посакал да пронајде добро конзервиран и совршено зачуван град како Помпеја или Херкуланум. Звучи прилично бизарно, a? 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here