Дома Антропологија Kако изгледал Филип Втори

Kако изгледал Филип Втори

7,614 views
2

По кој знае кој пат медиумите ги бранува веста за поставување на споменици низ Скопје или низ Македонија! Последната информација пристигна од општината Гази Баба, која се спрема на постамент на плоштадот во Автокоманда да постави статуа на коњаник.

Каде треба да ја бараме есенцијата за оваа дискусија која во последно време го засегна јавното мислење на македонците. Во манипулацијата со жителите на оваа населба која оди дотаму што тие очекуваат да го видат македонскиот крал Филип II химселф! – бидејќи така им било кажано. Проблемот за ова дискутабилно прашање и покрај тенденциите научниците да го реконструираат и идентификуваат ликот на Филип II лежи во тоа што до сега всушност никој не знае како тој изгледал.

Портрет на Филип II во Глиптотеката во Њу Карлсберг

Може со сигурност да се каже дека античките извори (Демостен, Страбон, Аристофан …) во голема мера се занимавале со делата на Филип II и раскажувале за неговите поврди и рани, но никогаш не го коментирале неговиот изглед. Според Наде Проева, проф. д-р по античка историја ”Што се однесува до изгледот на Филип, досега не е најден ни еден портрет во класична смисла на зборот, а од сите скулптури кои му биле поставувани не е ништо зачувано”. Па така јавната претстава за претпоставениот изглед на Филип II се базира на елементи кои вклучуваат неколу пронајдени артефакти:

1. Мермерната глава во Глиптотеката во Њу Карлсберг
2. Минијатурна глава од слонова коска од Гробницата II во Вергина
3. Железен оклоп со златни украсни ленти од Гробницата II во Вергина

Секако освен склуптурите, тука спаѓаат монетите, медаљоните, претставите на мозаиците (посебно за доцно античките кои во поглед на датирањето се неподобни) за кои постои несогласување во поглед на идентификувањето на македонскиот крал околу автентичноста на неговиот лик.

На сите информации кои постојат денеска, луѓето за блиското минато (18/19 век) едвај може да реконструираат извесни настани или луѓе, а не пак за далечното минатото за кој постои еден, или понекогаш ниту еден запис. Затоа, да се шпекулира со вакви информации е непоштено кон публиката се додека не се интерпретира научно процесот низ кој поминува еден запис или артефакт од неговото пронаоѓање па се до конечната контекстуализација во форма на текст. Ама каде ќе беа до сега квази-државите ако не постоеше квази-наука?! 😉

2 КОМЕНТАРИ

  1. Ахх, Василке, Василке…
    Низ светов има небројани споменици на луѓе од антиката. Многу од нив се уметничка замисла, а тие пак што имаат некаква основа (како во овој случај) секогаш се вакви наоди како што спомена, а ретко тридимензионални споменици, и тоа востановени дека се верни на фактичкиот лик на човекот,
    Значи тоа е нормална практика во светот, и најрационална работа. Зарем значи дека не треба се прават споменици на личности од антиката ако не можеме да им направиме точен фоторобот. Или може насекаде, сите народи да го истакнуваат великото и достоинственото ама Македонија не! Кај други не гмечат од памтивек, одвај се собравме да ставиме статуи на колосални дејци што отсекогаш требало да ги има. Фала богу никој нема да не ферма, ни при идеални бизнис-услови и евтина работна рака, бидејќи не знаеме да се цениме себеси, и не покажуваме ништо. И тоа благодарение на вакви (и полоши) пречки и препирки.
    Дај да бидеме реални, луѓето сигурно ќе ја базираат статуата на расположивите докази. Сигурно нема да го опалат од ѓутуре.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име