Home Лично Игри без граници

Игри без граници

2,014 views
2

Некогашните игри без граници долго време беа во рамките на ѕидовите кои паднаа за едни, но се подигнаа за други држави. Ова телевизиско шоу популарно во седумдесеттите и осумдесеттите години, сведено на едни бесмислени игри во кое се натпреваруваат екипи облечени како за на маскенбал, беше всушност кулминација на национализмот и војните низ вековите кои се воделе на територијата на Европа. Идејата за ова шоу потекнала од францускиот претседател Шарл де Гол, чија желба била да најде начин како да се спријателат младите од Германија и од Франција, преку натпреварување во забавни игри. Подоцна на европските земји ќе и се приклучи само Југославија, како единствена учесничка од неврзаните земји и од источниот блок. Овие игри официјално прекинаа да се одржуваат во 1999 година. Додека траеја во Европа се подигнаа и се срушија многу граници и многу ѕидови.

Сега ни се ветуваат нови игри без граници. Една корисна метафора за состојбата на нашата фиксна топографска локација каде просторната физичката лиминалност се поместува во една опасна зона на конфликт видена низ призмата на експерименталните региони на културата, кои ќе почнат да стануваат места за продукција на детериторијални идентитети.

Една стара поговорката вели “Кога се затвора една врата, се отвораат многу други”. Парафразирано во денешен контекст би било ако еден “ѕид” падне, колку ли нови ќе никнат? Секако дека постојат многу начини една држава да си ги прошири своите граници во рамките на ЕУ, НАТО или Шенген зоната. Тоа проширување во просторот некои го сметаат за политика … а некои за уметност. За кого како… Но треба да бидеме внимателни. Ако уметниците експериментираат со границите и ѕидовите во рамките на меѓупросторот од себеспознавањето, тогаш политичките игри во вистински смисол на зборот, отсекогаш биле игри без граници на војните без солзи.

Препорака за читање: Зоран Попоски – Простори на моќта (инфо via @oknomk)

2 COMMENTS

  1. Си напишала: „Подоцна на европските земји ќе и се приклучи само Југославија, како единствена учесничка од источниот блок.“

    СФР Југославија НЕ беше во источниот блок, беше една од основачите на Движењето на неврзаните а секако беше европска земја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here