Дома Археологија Концерт на Драган Даутовски квартет во Марковиот манастир

Концерт на Драган Даутовски квартет во Марковиот манастир

1,889 views
0

Во мистичен амбиент на Марковиот манастир близу Скопје, Драган Даутовски квартет вчера одржа еден сосема необичен концерт во рамките на Скопското културно лето. Љубителите на нивната музика, како и оние кои сакаат авантури, оти времето се погрижи навистина така и да биде се до почнувањето на настанот, можеа во една рурална, неотоварена атмосфера да го слушнат колоритниот код на македонската музика отсвирен исклучиво преку автентични народни инструменти. Вклучувајќи го и почетокот кога до присутните допре звукот на неолитската окарина стара 6000 години.

Посетителите кои во огромен број го исполнија просторот околу црквата Св. Димитрија скоро час и половина уживаа во едно неповторливо искуство како спој од музичката традиција која се лелееше во меѓупросторот од сакрална архитектура. Се што требаше е да пристигнат во ова тајно катче и да го испочитуваат куќниот ред на манастирот, оти е свето место а во него исто така битисуваат и монахињи.

[youtube]tldOZgXbmKo[/youtube]

Отсекогаш сум го подржувала ваквиот тип на настани. Сметам дека тоа е еден од ненаметливите начини во исто време да се популаризира и материјалното и духовното богатство на еден народ. Камо да ги имаше постојано, но малкумина се уметниците кои се решиле на ваков чекор да го презентираат своето творештво (Бодан Арсовски, Синтезис, Влатко Стефановски, Драган Даутовски квартет …). Затоа треба да ги поттикнуваме нивната мелодија да биде влезница до некои стари, прастари времиња, кога човекот верувал во природата која го опкружувала, ја црпел силата од неа и својата духовна слобода ја пренесувал на начин кој допрва треба да го научиме.

Препорачани текстови:

Неолитската окарина од Велес стара 6000 год. на промоција во Универзална сала
Топчестата флејта вечер во Мала станица
Звукот на неолитската флејта во изведба на Драган Даутовски

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име