Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Манастирот Рај(чица) и црквата Св Ѓорѓи Победоносец

 

Пред некое време имав можност да го посетам Манастирот Рајчица, во истоименото село. Се наоѓа на отприлика 15 км од Св. Јован Бигорски, пред влезот на градот Дебар, буквално на самиот пат. Го поминувате прекрасното Дебарско Езеро и во моментот кога од вашата десна страна ќе ја видите таблата с. Рајчица, од левата страна веќе се наѕира еден дел од новото обѕидување на манастирот.

Во самиот манастир може да се влезе преку две места. Низ големата двокрилна дрвена врата замандалена со тешки железни опкови, и малку подолу, вдолж уличето, низ малата врата која ве води директно во црквата. Бидејќи веќе бевме најавени, во дворот не пречека Сестра Анастасија. Тоа е една од двете монахињи, која со уште четири сестри искушенички се грижи за местото. Ме воодушеви нејзината стрпливост да одговара на нашите прашања, стоејќи на безмилосното сонце кое во тој момент верувам го имаше поминато четириесеттиот степен.

Оваа црква била и се уште служи како економски додаток на “Св. Јован Бигорски”. Се сметало дека ако во Бигорски битисуваат монаси, тогаш Рајчица била доделена во неа да бидат монахињите. За оние кои не знаат или не слушнале до сега, се работи за манастир во чии рамки се наоѓа црквата “Св. Ѓорѓи Победоносец” која датира од 19 век, иако несомнено (според писанијата) на тоа место и претходно постоела црква. Зошто луѓето кога едно место ќе го означат за свето, тоа е ,,вакавско” од вајкада. Фреско-живописот е изработен од познатите македонски зографи на 19 век, Данаил монах и уште пославниот негов ученик, Дичо Зограф.

Подзаборавен од времето, а по заслуга на отец Партениј кој го има возобновено монашкиот живот во Јован Бигорски, во 1999 година овој манастир го започнува процесот на заживување. По кажувањето на сестра Анастасија кога тие почнале да пристигнуваат од 2001 година натаму, на почеток селото имало само четири фамилии. Денеска покрај поголемата бројност на жителите, селото има и жив манастир.

Секој ден редовно држиме по три служби. На нив доаѓаат не само жители од селото туку и луѓе со разни вероисповести, вклучувајќи и многу муслимани. За поголема популарност многу ни помогна и репортажата која минатата година одеше на јаху.

Сестрите покрај тоа што се образовани и говорат по неколку светски јазици, исто така користат и интернет. Не се лишени од ништо. Имаат дури и мала градина во манастирот за која е задолжена една од нив, а се спонзорираат најмногу со тоа што изработуваат митри. Ете на пример се фалат, минатата година Патријархот Вартоломеј, својата митра ја купил од кај нив.

Ако ја следевте минатата година Репортажата на Јаху (Yahoo) со Паско Кузман (која за жал е тргната од нивниот сајт) верувам дека ќе се сетите на една слика на која беше прикажана ,,Рака” во горниот дел изработена од филигран и посребрена, а во долниот дел позлатена. Во нејзината средина се наоѓа сместен мал дел од моштите на Св Ѓорѓи Победоносец, светител од 4 век. По барање на отец Партениј за да се заштитат моштите, во 2004 година е направена специјална нарачка во вид на рака-опков, изработена од најпознатите изработувачи на филигран во Солун.

Ја замоливме сестра Анастасија дали е можно да ги видиме моштите. Таа замина во олтарниот простор (каде според христијанската религија жени не влегуваат) и извади еден плашт со боја на пурпур во кој е сместен овој реликт. Во моментот кога ја извади раката во која се наоѓаат моштите на Св. Ѓорѓи мене ми дојде некако убаво на душата. Дури и очите ми се насолзија. Немам просто зборови да ви го опишам тој примамлив мирис кој се шири од моштите, кои црквата ја исполнија со една сладуњава арома. Монахињата се прекрсти, се наведна, се поклони пред раката. Се помоли, но не ја бакна. Истото го сторивме и сите ние. Сестра Анастасија вели:

 ,,Додека моштите не се врамија во оваа рака тие не мирисаа. Почнаа да мирисаат во моментот кога се донесоа во црквата и оттогаш испуштаат оваков мирис.”

Манстирот Рајчица и покрај тоа што беше пеколно топол ден, плени со својата спокојност. Како животот во него да си има свој ритам и живее според некој нему познат внатрешен биолошки часовник. Чистиот воздух, прекрасната околина и особено глетката кон Дебарското езеро само го надополнува впечатокот дека не залудно овој простор луѓето го нарекле Рај(чица). Место во кое човек вреди да се врати по илјада пати, за секогаш да открие уште нешто ново. Да го пронајде својот сoпствен ,,Рај”.

Постојат многу работи кои не ги напишав во текстот, за да остане по некоја реч за следнате прилики. Но и на вам драги читатели да ви даде повод самите да го посетите и да го доживеете овој манастир онака, како што вие најубаво умеете.

p.s. За поголем дел од фотографиите и благодарам на Гордана Јанакиевска, администратор на порталот Крале Марко. Останатите се позајмени од Македонската Википедија и од Photographers Direct. Последната слика е разгледница која ја купив од самиот манастир.


Корисни линкови:

- Рајчица
- Струга-Дебар-Скопје
- Свети Ѓорѓи Победоносец
- Манастир “СВ. Ѓорѓи Победоносец” во село Рајчица , Дебарско
- Манастир св.Георгиј Победоносец, с.Рајчица-Дебар

Овој текст е репринт и своевремено беше поставен на Кајмак.от од страна на корисникот волан. За статијата можеше да се гласа тука. Му благодарам на Ванчо Орданоски кој покрај многу други, ми го спаси и овој текст од претходната платформа на која блогирав.

Bookmark and Share

2 Responses to “Манастирот Рај(чица) и црквата Св Ѓорѓи Победоносец”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
May 2009
M T W T F S S
« Apr   Jun »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes