Home Археологија Кршлив македонски метафоричен идентитет

Кршлив македонски метафоричен идентитет

1,700 views
2

 

Дали се уште ги приметувате статутите пред Владата кои таму беа поставени од 20. Март 2007 или ги подзаборавивте? Добро, затоа сум тука јас да ве потстетувам одвреме навреме дека за среќа овие оригинални склуптури кои потекнуваат од археолошките локалитети Хераклеја, Стибера и Стоби, се живи и здрави и служат како атракција и ентртејмент на сите странски граѓани кои ќе поминат низ Илинденска.

Како главна цел зошто се поставени таму каде што се, беше наведено оплеменувањето на просторот, оти до тогаш тој воопшто не беше племенит од зеленчукот, овошјето и по некое расипано јајце кои граѓаните на Македонија капом и шаком гратис ги донираа за време на нивното физичко, а богами и ментално чистење во одредени ситуации.


Photo: © Matthew Brunwasser

На многу од овие склуптури им недостигаат раце или глави, што би била совршена метафора за нашиот кршлив идентитет преку кој сакаме да воспоставиме врска со минатото“(цитат). На што ли се симбол овие фусноти во македонската историска одисеја на својот пат кон вечната транзиција, кога ова се зборови запишани како констатација од страна на најпопуларното списание на интернет за археологија. Треба многу да внимаваме како ја презентираме археологијата и историјата, оти во спротивно ќе бидеме сфатени несериозно, со делување кое во голема мера се приближува на карикатуралноста која ете вака сегментирано ја отсликува мудрата маркетиншка кампања во складот со девизата на Линколн – Стори што  можеш, каде и да си, со тоа што го имаш.

2 COMMENTS

Leave a Reply to Реакција - Писмо од, до и за Македонија » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Cancel reply

Please enter your comment!
Please enter your name here