Дома Лично 22 Април – Денот на Земјата

22 Април – Денот на Земјата

2,839 views
0

 

Џон Мек Конел (John McConnell) прв ја вовел идејата за глобалниот празник наречен Ден на Земјата на конференцијата на UNESCO за животната средина одржана во 1969. Истата година го дизајнирал и знамето.

Усвоен како таков, овој Интернационален Ден се слави насекаде низ светот. Почетокот традиционално започнува со Ѕвоното на Мирот, кое секоја година се огласува на овој ден. Само во Обединетите Нации има мало изместување и Planet earth day почнува да се слави на 21 Март. Ова не се случува само поради временската разлика во почетокот на славењето, туку заради тоа што кога на 26 Фебруари 1971 генералниот секретар  ја потпишал декларација, тоа биднало во време на еквиноксот кога и се чуло Ѕвоното на Мирот во седиштето на ОН во Њујорк.

Дeнот на Земјата е создаден да не потсетува на нашата одговорност за планетата на која живееме.

Подзастанете, вдишете воздух. Една минута мир за вас, една минута мир за Земјата на која живееме, веројатно значи многу повеќе отколку сите тие агресивни кампањи за нејзиното спасување.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име