Инфо
My twitter account
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
M.Sci. in archaeology
& professional tourist guide

e-mail: info@arheo.com.mk

Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
My pages and blogs
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија
Join to my ARHEO Network
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски

PostHeaderIcon Маски

Дали би сакале еден ден од животот да го поминете под маска? Да шетате така низ градот, неговите улички, да седнете на кафе на плоштадот, да се измешате со илјадниците луѓе и да флертувате без да бидете препознаени. :)

Еден од популарните настани во светот кој ви дозволува да бидете личност за која само границите на фантазијата се лимит, а притоа да останете анонимни, е Карневалот во Венеција. Маските, кои се традиционално поврзани со овој фестивал, секоја година не воодушевуваат со фантазија во креацијата при нивната изработка. Меѓутоа, Карневалот во Венеција е само еден од илјадниците карневали кои се одржуваат на територијата на Европа секоја година, веќе со столетија.

Маските ги има насекаде по светот, потекнуват од различни култури како што и толкувањето за нивната употреба е најразлично. Може да се обработуваат од секаков научен аспект: историски, археолошки, етнолошки, уметнички, а секако тука се и поливалентните антрополошки и културолошки студии посветени на видовите и значењето на маските.

 

Златните маски на пример од праисторијата се поврзуваат со погребувања, земајќи го во обзир нивното пронаоѓање во некрополите. На Балканот се пронајдени неколку такви маски. Најпознатата е онаа од Микена т.н. на Агамемнон (Грција), 4-те од Требениште (2 во Белград, 2 во Софија ), од некрополата во Синдос (Грција), од некрополата крај Карлуково (Бугарија) и од Самуилови тврдини (Охрид, Македонија). Се смета дека неколку од овие балканските, можеби и асоцираат на некои Етрурски или Келтски бронзени маски од 7 век п.н.е.

Најинтересното со овие погребни ,,златни” маски е што тие на Балканот се појавувааат исклучиво само во праисторијата, за разлика од територијата на Кина, Африка и Јужна Америка каде ги има многу подоцна, за време на нашиот Среден век. Оваа најстара покривка за лицето означена како мртовечка маска својата практика ја пронаоѓа и во древните цивилизации на Египет, Грција, Етрурија, Рим, но и кај културите во земјите вон медитеранскиот круг како оние на Мексико, Колумбија, Нова Гвинеја, Перу, Камбоџа, Сијам, Африка и др. За примерот дека карневалите се поврзани со ритуалите на мртвите сведочат и Карневалот во Бразил каде финалната церемонија завршува со Средата на пепелта, а пак на Карневалот во Мексико, смртта се истерува со макабрични маски.

Денеска кога ќе се спомене зборот маска, тој обично асоцира на козметички салон. Но во нашето совремие маските можат да бидат театарски, мечувалски, медицински, нуркачки, заштитни и т.н., со најразлична функција и смисол. Сепак од сите оние мртовечки, ритуални, театарски, етнолошки и карневалски маски, најмногу во нашето совремие преовладуваат последните две.

Така на пример, маските кај Македонците се појавуваат периодично и тоа најмногу за време на Божиќните празници, а посебно за време на некрстените денови на Божиќ, Василица и Водици. Потоа пред и по започнувањето на Велигденските пости – во форма на Прочка, како и вториот и третиот ден на Велигден. Тука може да се вбројат и Ѓурѓовден, селските слави и некои специјални прилики (свадби, сунети, временски непогоди).

Кратка секвенца од етно-документарниот филм на Владимир Боцев ,,Џоломари“, сниман во село Бегниште

Најчесто обичаите на носење на маски на Балканот етонолозите го поврзуваат со култот на предците, на умрените, на инкарнацијата на нивните души кои според народното верување, еднаш годишно ги посетуваат живите потомци. Слична на оваа теорија е и онаа за аграрното магиско потекло и нивната поврзаност со божествата од старословенки карактер и старобалканските култови. Многумина проучувачи во обичајот на носење на маски гледаат континуитет на античките баханалии и дионизии, подоцна византиските анастенарии и бурмалии, додека пак трети се на мислење дека обичајот со маска има тракиски и антички корени.

На терен со етнолозите, Прочка, Прилеп, 2000

Но што станува со т.н. латентна функција на обичаите? Сите обичаи било каде во светот доколку се традиционални и во континуитет, се случуваат во одреден временски интервал.

Денеска обичаите на носење на маска кај разните карневали генерално го отсликуваат динамичниот процес на културата кој се менува во складот со општеството (политиката), па честопати се сретнуваат и маски со таква конотација. Јасната манифестација на идентитетот, индивидуалниот и групниот се изразува преку припадноста на една заедница која го практикува обичајот. Така идентитетот на заедницата е возвратен, бидејќи поединецот има потреба да се идентификува со заедницата, и обратно. Заедницата има потреба да се идентификува со поединците преку нивното масовно учество.

Постои (у)верување дека ако не се одржи некој обичај, со тоа се бришат трагите на идентитетот, без да сме свесни дека и во самите тие традиции има инкорпорирано многустрани елементи. Но кај луѓето е многу помоќно мислењето дека со неодржувањето на еден обичај може да дојде до пропаѓање и уништување на заедницата, која во овие современи услови на живеење е единствено нешто што ги поврзува и ги држи како компактна група.

The Masks of Commedia DellArte Carnival masks -Barselona

Маската може да плаши, да го заштитува корисникот, да спречува несакани работи, да е неразделен дел од некоја церемонија, да е привилегиран тој кој ја носи, да е замена за бог, средство за постигнување екстаза или за соединување со божества. Во суштината на маската е дека таа репродуцира некое лице или карактер, кое е предуслов за да се навлезе во натприродните сили. Но едно е сигурно, маската е порта преку која човекот од стварноста се упатува кон повисоката смисла на возвишеното. Како сонце или месечина, како дуализам на природата. Оној момент кога ќе се стави маската на лицето, се доживува моментот на посебноста. Свето е тоа или профано, во истиот момент е доловено.

Посветено на мојот брат етнолог


Текстот е нарачан и публикуван во мартовскиот број 2009 год. на списанието Комплетна.


Користена литература:

1. Сурва, Сурва Година, каталог, Музеј на Македонија, Скопје, 2008.
2. Димитра Мита, Ликови на маската, Култура, Скопје, 2006.
3. Томислав Османли, Антропоморфната порта кон возвишеното, Културен живот 3-4, Скопје, 2008, 34-37.

Дополнителни линкови:

1.Обичаи и традиции во светот (power point presentation)
2. Official FECC main web site – Carnival Cities.com

Bookmark and Share

No related posts.

2 Responses to “Маски”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права на Република Македонија.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска магистер по археологија

Напомена
Текстовите на сајтот не се лекторирани

Пребарувај по сајтот
Tags

Agatha Christie archaeology Badnik book dnevnik history Kokino Macedonia MAND mystery observatory Ottoman heritage prehostory rock Vasilka Dimitrovska Агата Кристи Археологија Бадник Божиќ Василка Димитровска Интернет Исус Христос Кокино МАНД Македонија Скопје Скопје архитектура дневник етнологија историја карпа книга коледари коледе културно наследство мистерија обичај обсерваторија паричка погача политика праисторија традиција уметност Cпонзорирано (13)
Агата Кристи и археологијата (5)
Администрација (61)
Аквадуктот во Скопје (серијал) (13)
Антропологија (173)
Апели (19)
Артизани (17)
Архео TV 2.0 (42)
Археологија (658)
Архитектура (188)
Барок (1)
Блогосфера (36)
Бронзено време (14)
Византија (21)
Документарни филмови (24)
Доцна антика (14)
Енеолит (14)
Етно-археологија (98)
Етнологија (35)
Железно време (2)
Изложба (27)
Интернет (117)
Историја (169)
Книги и литература (86)
Конференција, симпозиум (43)
Културно наследство (138)
Лично (105)
Медиуми (114)
Мезолит (14)
Настани (75)
Неолит (39)
Нумизматика (6)
Општество (137)
Отомански период (21)
Палеоантропологија (34)
Палеолит (43)
Политика (152)
Предавање (29)
Придонеси на Википедија (23)
Рана антика (16)
Рано христијанство (1)
Религија (21)
Ренесанса (6)
Римско време (28)
Рококо (1)
Скопје (67)
Спелеологија (7)
Среден век (12)
Стипендии (6)
Тајната книга (серијал) (11)
Тотална станица (5)
Туризам (112)
Уметност (124)
Филм (2)
Хералдика (16)
English (24)
Musica ethnica (4)
My 3.0 music box (12)
WWWести (38)

WP Cumulus Flash tag cloud by Roy Tanck requires Flash Player 9 or better.

Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Порта археологика



Календар
March 2009
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Музеј Теракота – Виница
Археолошки локалитети
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes