Home Документарни филмови Whose Is This Song? (Chia e tazi pesen?) (2003)

Whose Is This Song? (Chia e tazi pesen?) (2003)

14,112 views
11

Ова е еден од најнаградуваните документарци на бугарската режисерка Адела Пеева (Sofia International Film Festival in Bulgaria, The Melbourne International Film Festival in Australia, Тhe 23rd Bilan du Film Ethnographique in France) која идејата ја добила еден вечер во Истанбул седејќи во ресторан со своите Балкански пријатели. Тогаш ќе ја чуе песната од своето детство ,за која останатите соговорници ќе се изјаснат дека оригинално потекнува од нивните земји каде што има долгогодишна традиција во изведувањето.

Потрага по потеклото на песната од Турција ќе ја одведе во Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и пак назад во Бугарија. Слушајќи ја на различни јазици во различни верзии како народна песна, опера, религиозна химна, па дури и марш, се добива впечаток дека Пеева се обидела да направи филм за Балканот и музичките традиции кои честопати се преплетуваат. Идејата на документарецот е феноменална, бидејќи во исто време таа направила и филм кој на интересен начин го отсликува портретирањето на трагичната социјална положба на населението после војната во поранешна Југославија. Сите нивни спомени, надежи, стравови, искуства и очекувања.

Иако самиот документарец воопшто нема политички тенденции, сепак потрагата по идентитетот на една песна ја отсликува потрагата по сопствениот идентитет и националната нетрпеливост кај народите од Балканот. Наместо да ги спои,  незнаејќи во што се впушта, на моменти Пеева се соочува со емотивната реакција на интервјуираните луѓе дека ги увредува.  Во обид да ги поврзе нишките на заедничкото културно наследство на Балканот, овој пат преку музиката, Адела Пеева на крајот ќе востанови дека скоро е неверојатно како само една песна со непознато потекло може да предизвика омраза кај луѓето. Што го покажува и самиот крај на филмот во која впечатлива е сцената каде една фиеста се претвора во ливада која гори и ја спасуваат “луѓе од повеќе етникуми”. Оти се случува на границата помеѓу Бугарија и Турција.

Покрај тоа што е одличен документарец, она што мене ме заинтригира и што ме предизвика на размисла беа два податока кажани во филмот – “Дека се работи за воинствена песна и дека тактовите доаѓаат од северот на Европа бидејќи се нетипични за Балканот”. А на вас останува да откриете за која мелодија се работи.

Highly recommended for watching


Овој текст е поставен на кајмак.от. од страна на корисникот jpetrov. За постот може да се гласа тука.


11 COMMENTS

  1. Баш супер што се сети да го популаризираш документарецов, го знам од поодамна, и ова ми дојде како пријатно потсетување!

    Малку само ми е криво дека истражувањето на Пеева во Македонија е некако оскудно. На пример, многу попопуларна песна од “Паца Дреновчанката” на таа мелодија е “Ој девојче девојче (ти тетовско јаболче)”. Исто така штета што во цел документарец не е ангажиран ниту еден етномузиколог (но веројатно да ангажирала, ќе добиела сосема поинакви одговори и реакции), особено заради изјавата на Бас (Илија Пејовски) во врска со ритамот, која не е баш најточна… или можеби е извадена од контекст, не знам…

    Но сето тоа на страна, документарецот нема за цел да биде научно истражување, па така тоа е најмалку важно, битна е идејата, приказната и поентата на авторката на крајот. Уште еднаш браво за документарецот!

  2. со задоволство го изгледав филмот
    убава поента има на крај со сликата на пожарот:
    толку се работите измешани на Балканов,
    што и за една песна се караат чија ли е…
    и сите се фатија за текстот,
    а во сите култури текстот е различен…
    но музиката е иста – ориентална

  3. pesnata e narodna ,a narodot sekogas se selel i pesnata se preseluvala za na krajot da se izgubi kotenot pa taka sega site kazuvaat deka e nivna.

  4. Малку подалеку од Балканот….

    Loreena McKennitt – Sacred Shabbat
    http://www.youtube.com/watch?v=SwKIDg90gcI

    Naftule Brandwein – Der Terk In America
    http://www.youtube.com/watch?v=dRDbZUYGqcE

    Pedro Salinas – Fel Shara (Шпанија)
    http://www.youtube.com/watch?v=xeZytVePpPc

    Boney M – Rasputin
    http://www.youtube.com/watch?v=kvDMlk3kSYg

    P. Ramlee – Ahmad Albab (Малезија)
    http://www.youtube.com/watch?v=RWuarzGampk

    Afghan Uzbek song (Афганистан)
    http://www.youtube.com/watch?v=EmUB6a2hlYE

    Eartha Kitt – Usku Dara (САД)
    http://www.youtube.com/watch?v=frJBvPC99i8

    Mediterranea, Uskudara (Шпанија)
    http://www.youtube.com/watch?v=2wR1Z4oUnX8

    Sergio Diotti & “Ondas do Mar” (Италија)
    http://www.youtube.com/watch?v=3_nUETeItOY

    iabannat iskandaria (Либан)
    http://www.youtube.com/watch?v=o341VDz7rsw

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here