Бира блог парти 3 или само едно поинакво дружење » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
Сајтот е во изработка. Препорачливо е да се гледа со Mozilla Firefox

28th August 2008

Бира блог парти 3 или само едно поинакво дружење

напишано во Мои размисли за... |

 

Минатата година појдов на пиво фестот во Прилеп. И на Бира блог парти 2. Си поминав супер. Се дружевме, пиевме, се шетавме, уживавме, филозофиравме и тоневме во хедонизам. Се сликав со Флебур. Спиев со Гершанина. Пиев утринско со Вклучи_ме. За сите кои ги сретнав, ми беше задоволство што ги запознав.

Оваа година плановите ненадејно ми се сменија. Утре заминувам на Крф, па оттаму на прошетка по хрватското приморје, за да завршам на еден археолошки симпозиум во Љубљана. Ќе ги испуштам и Фестивалот на пивото во Прилеп и Фестивалот на виното во Кавадарци, ама затоа верувале или не на толку шетање по светов, прв пат после четири години одам на море како турист,  а  не како археолог или водич. :)

На сите кои ќе појдете да се дружите и да уживате, ви посакувам ноќи исполнети со убавини, а потоа и пријатни сеќавања. Ако пивото е мелем за душата, тогаш виното е божествен пијалок, инспирација на уметниците …

 една капка
една голтка
зборуваат повеќе
од илјада зборови
интерпункциски знаци
и толкувања

и…

И тука ставам крај на песната … или можеби почеток за некоја нова строфа, нова песна, за во некое поинакво идно време наталожено со сеќавања понесени од сегашноста.

Cheers за сите мои пријатели :)



Моментално се2 одговори to “Бира блог парти 3 или само едно поинакво дружење”

Ако сакаш да го знам твоето размислување за оваа тема, тогаш остави го преку коментар! Твоето мислење е важно исто како и секое друго.

  1. 1 На August 29th, 2008, Biljana P Напиша:

    Cheers!

  2. 2 На August 29th, 2008, Археоблог Напиша:

    Благодарам Билјана. Се радувам на мојот мини одмор кој е замислен како турнеја по медитеранското крајбрежје.

    Поздрав и се читаме. :)

Коментирајте