Home Антропологија Генографика – Коски во плакарот или на мапа

Генографика – Коски во плакарот или на мапа

1,362 views
1

 

Гледајќи го своевремено документарецот на BBC во четири дела Walking with Cavemen, во еден момент забележав дека нараторот ги споменува сите досега откриени палеоантрополошки пронајдоци, чија бројка и обем може да се сместат во само неколку кутии од некој плакар. Со оглед на општо познатото заедничко минато, ќе се сложите дека е тоа премалку за да се мапира богатата генетска одисеја низ која поминал човекот.

Палеоантрополошки пронајдоци во 20 век

Коските се оние кои го кријат нашиот идентитет, нашата ДНК, нашето патување кон минатото и врската со него. Тие се наоѓаат во огромен број на археолошките локалитети, но долг и макотрпен е процесот од нив да се извлечат релевантните податоци кои подоцна можат да се употребат во научни цели. Коските се ткиво кои го поврзуваат внатрешниот скелет на родот Vertebrate, но и елемент кои ја кријат тајната историја на нашите гени.

Еден од поголемите светски проекти на оваа тема е Genographic. Тоа е петгодишниот проект на National Geographic започнат во април 2005 година, во кој може да учестувате и вие. Genographic претставува генетска антрополошка студија која има за цел да ги мапира моделите! на човечката миграција низ историјата, прибирајќи и анализирајќи податоци од ДНК примероци на луѓе од целиот свет. Вклучени се огромен број на научници, мегу кои археологот Colin Renfrew и антропологот Meave Leakey.

Меѓутоа начинот на кој Музејот на град Лондон го нашле клучот кон своето минато е исто така соодветен и се совпаѓа со недеструктивната методологија на археологијата од 21 век. Создавањето на интерактивната мапа на скелетите овозможува преглед преку колку тела газат Лондончани секое утро, на својата траекторија кон работа. Мапата ги означува местата на кои се пронајдени над 37 000 скелети на територијата на Лондон и е само дел од бројката на тела кои се уште лежат заробени под градот. Најавено е дека околу 26 скелети кои со себе носат фасцинантни стории ќе бидат привремено изложени во т.н. Wellcome Collection.

Skeleton key map of London

Map data courtesy of
London Archaeological Archive and Research Centre

Ова би бил одличен проект за некоја домашна ен џи оу. Би можеле да ги постават сите ископувани археолошки локалитети низ Македонија, со што би се намалил ефектот од неупотребливите податоци на досегашните тони непубликувани ископувања. Притоа информациите би биле поставени на Интернет и достапни секому.

Затоа драги мои блогери, и попатни минувачи низ овој блог…треба да бидеме внимателни, зошто ние не газиме само врз нашите археолошки докази, туку и врз своите претци.

Линкови:

National Geographic – Genographic
Museum of London’s skeleton key to the bodies under city’s streets
BBC > Science & Nature > Prehistoric life -> Walking with Cavemen

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here