Home Археологија Киксовите на медиумите видени низ призмата на Погребната кочија – Делчево

Киксовите на медиумите видени низ призмата на Погребната кочија – Делчево

1,309 views
0

 

Моментално едно од најактуелните археолошки ископувања во Македонија (покрај Скопското кале, Плаошник и Цареви Кули) е археолошкиот локалитет во селото Пијанец, Делчевско каде е пронајдено погребување кое според едни наоди е датирано во 4-3 век п.н.е., а според други во 8-7 век п.н.е. Секогаш постои можност за повеќеслојно населување или погребување на едно место и се додека не се заврши ископувањето, точното датирање на кочијата нема да биде возможно. Во секој случај со оглед на ексклузивноста на наодите, се работи за погребување на за сега непозната личност која имала висока титула  во тоа време.


Акција
– Хронолошка архива на написите:

03.10.2005 – A1 – Пронајдени се уникатните археолошки предмети
03.10.2005 – Телма – АРХЕОЛОШКИ ПРЕДМЕТИ ЗАПЛЕНЕТИ ОД ДИВИ КОПАЧИ
04.10.2004Утрински – Дивите копачи откриле ритуална погребна кочија
04.10.2005 – Вечер – Грците ни го крадат благото
04.10.2005 – Вест – Вратени делови од погребна кочија од преднашата ера
04.10.2005 – Време – Дивите копачи се Македонци, а нарачателите Грци, Бугари и Срби
04.10.2005 – Дневник – Запленети уникатни делови од свечена ритуална погребна кочија
04.10.2005 – Нова Македонија – Уникатна ритуална погребна кочија одземена од дивокопачите
05.10.2005 – Време –  Државата ја губи трката со дивите копачи
06.10.2005 – Време – Сопствениците на локалитетот уценуваат
10.11.2006 – Канал 5 – Културно наследство се краде – археолозите криво го толкуваат законот
16.12.2006 – А1 – Зошто се стопирани археолошките истражувања на делчевската могила?
18.12.2006 – Археоблог – Случајот Кочија (археолошките ископувања стопирани, а локалитетот обезбеден од полицијата)
21.12.2006 – Arheoblog – Exclusive archaeological finds from ancient carriage, Macedonia
28.12.2006 – Шпиц – Делчевската кочија уште долго ќе чека реконструкција
10.08.2007 – Дневник – Потрага по остатоците од ритуалната кочија
14.08.2007Време – Ќе се комплетира ли античката погребна кочија?
18.08.2007 – A1 – Ново епохално откритие на делчевската Могила
22.08.2007 – Дневник – Делчевската кочија е стара 28 века
25.08.2007 – Време – И коњите погребани со ритуалната кочија

========================

Реакција: Ме боли главата

Прво ги средив написите, а потоа сериозно се зафатив да ги читам овие новинарски текстови. И покрај тоа што сум археолог во неколку наврати успеава да ме збунат.

Почеток:

Aјде пополека да ги рагледаме фактите. На почетокот новинарите рекоа дека е тоа погребна кочија од неолитот. Неолит или младо камено време е период како што кажува и самиот наслов кога повеќето алатки и орудија биле од камен. Металот ќе дојде многу подоцна, па неолитскиот човек кој се развил благодарејќи на својата когнитивна еволуција,  ниту во своите најлуди сништа не би можел да помисли дека во 21 век наместо мозокот, тркалата и ,,уште неколку други работи” ќе го движат светот. Подоцна кочијата кај Маре Стоилова еволуираше во кочија на голем војсководец од антиката – период со огромен временски дијапазон, за да на крај во прилогот на Канал 5 конечно се дефинира дека е таа од римскиот период. И така си битисуваше скоро една година додека не отпочнаа ископувањата на локалитетот кога археолозите според наодите хронолошки одредија дека постојат и наоди од 8-7 век п.н.е. и не треба да се избрзува со заклучоците.

Следната небулоза во истиов случај со кочијата е во однос на нејзиното место на пронаоѓањето. Така еднашка кочијата беше ископана на Делчевската могила, потоа во дворот на двајца браќа, во селото Могила, Делчевско, па во варијантата на тема Делчевска Могилка, за да со еден од написите во Време дознаеме дека сме биле во заблуда бидејќи сето тоа се случувало всушност на археолошки локалитет во селото Пијанец, Делчевско. Имаше и општи лоцирања од типот – локалитетот се наоѓа на 2 км од Делчево, што само по себе не значи ама баш ништо оти во околината на Делчево има стотици локалитети од сите периоди. Во оваа ситуација најдобро пројдоа Шпиц кои се држеа само до регионот – Делчевско.

Човек ќе си помисли дека се работи за комплетно различни случаи ако не обрне внимание на хронолошкиот тек на настаните.

Топонимите голем проблем на новинарите: Секој локалитет има свое има, се наоѓа во некое наслено место, а тоа во општина која припаѓа на Република Македонија. Бркањето на топонимите кое фигурира во медиумите создава забуни, заблуди и несакани реакции кај луѓето, од типот дека археолозите нешто кријат. Никој ништо не крие, но еве еден апел до Редакциите: ,,аман едуцирајте си ги веќе вашите новинари кои пишуваат за културното наследство или барем нека се консултирааат помеѓу себе да ја ускладат терминологијата, за да не ви се смее светот“. Иако, би рекла дека светот тешко ги следи ,,солените шеги” на македонските медиуми, бидејќи од сите можни дневни весници во Република Македонија, ниту еден нема своја англиска верзија.

Препорака: Mалку просурфајте пред да седнете да го напишете следниот свој ,,нарачан” состав на тема културно наследство. Ве читаат сите и вашите написи остануваат за навек тука на нетот. Има и такви како мене кои ве коментираат. И таквите записи остануваат пак за навек тука на Интернетот да послужат на некоја идна попаметна новинарска генерација како ,,не”  треба да се однесуваат кон сопственото културно наследство.

Неминовен заклучок: Како после сето ова да се пристапи кон подигање на свеста на локалното наслеление, кога медиумите се првите кои шират дезинформации. Вадењето од типот, археолозите иМ дале таква изјава на новинарите, не пали. Барем не кај мене пошто многупати сум била сведок како новинарите наместо да ги снимааат, ги запишуваат своите белешки. На крај од толку многу пишување ќе ни напишат и своја археологија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here