Дома Администрација Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

2,999 views
1

Дали си навистина археолог ?

Јас сум дипломиран археолог на Катедрата по ,,Историја на уметност и археологија” во Скопје, во класата на проф. д-р. Драги Митревски. Моментално ја завршувам својата магистратура која беше замислена како проект помеѓу катедрите по археологија во Белград и Љубљана.

Дали овој блог го правиш од хоби?

Овој блог беше замислен како мини-проект за да го опипа пулсот на јавноста и заинтересираноста на луѓето за археологијата и сопственото културно наследство. После неполни две години, Археолошкиот дневник прерасна во нешто повеќе отколку еден сосема обичен блог.

Какви содржини се опфатени со Археолошки дневник ?

Содржините на овој блог се групирани во две поголеми категории: културното наследство и лични литературни творби. Археолошки дневник е еден од ретките тематски блогови во кој се пишува за археологијата допирајќи поширок дијапазон на сродни елементи од популарната култура. Не се изоставени ниту компатибилните науки како историја, историја на уметност, етнологија, архитектура и др.

На кој начин овој блог придонесува во развојот на информатичкото општество?

Освен тоа што Археолошки дневник  како блог има големо значење за развојот на македонската блогосфера (како и секој друг поединечен блог), преку него континуирано се врши промоција на македонското материјално и духовно културно наследство. Тоа докажува дека и научните профили во Македонија се способни да ги користат технолошките достигнувања во 21 век, каде одредени содржини можат да се презентираат преку електронски медиум и на тој начин да станат достапни за сите.

Зошто пишуваш на македонски, а не и на англиски јазик?

Прво затоа што целната публика на овој мини-проект се сите посетители, читатели и коментатори кои пред се го зборуваат или разбираат македонскиот јазик (кирилицата), а второ затоа што блог на англиски јазик би ми одземал во моментов многу време, со оглед на мојата презафатеност. Сепак постои и англиска варијанта на Археолошкиот дневник која не ја ажурирам најредовно.

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име