12th April 2007

Топчестата флејта вечер во Мала станица

posted in Археологија, Медиуми, Настани, Неолит |

Праисторискиот археолошки наод, музичкиот инструмент именуван како „топчеста флејта од Македонија” пронајден на археолошкиот локалитет „Мраморот“ кај с. Чашка Велешко, ќе биде промовиран вечерва во 19 часот во Мултимедијалниот центар Мала Станица.

Инструмент е пронајден по повеќегодишни археолошки истражувања на локалитетот каде e потврдено постоење на населба од неолитскиот период, чие егзистирање се вклопува во широка временска рамка од 5 000 до 4 000 год. п.н.е.На промоцијата ќе учествуваат: Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Трајанка Јовчевска, археолог, кустос советник од Народниот музеј во Велес, пронаоѓач на инструментот и истражувач на населбата кај Чашка; поетот Ефтим Клетников и Драган Даутовски, професор на Факултетот за музичката уметност, кој со неколкуминутно музицирање ќе го претстави најстариот музички инструмент во Македонија.

Се гледаме вечер во Мала станица

информацијата во целост е превземена од Утрински весник


други постови на оваа тема:


Неолитската окарина од Велес стара 6000 год. на промоција во Универзална сала

Ексклузивен наод од Велес

ПРОНАЈДЕНА ОКАРИНА СТАРА 6000 ГОДИНИ

Bookmark and Share

There is currently one response to “Топчестата флејта вечер во Мала станица”

Why not let us know what you think by adding your own comment! Your opinion is as valid as anyone elses, so come on... let us know what you think.

  1. 1 On August 27th, 2009, Концерт на Драган Даутовски квартет во Марковиот манастир » Археолошки дневник vol.2.1/2 © said:

    [...] Велес стара 6000 год. на промоција во Универзална сала Топчестата флејта вечер во Мала станица Звукот на неолитската флејта во изведба на Драган [...]

Leave a Reply

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes