Home Археологија Неолитската окарина од Велес стара 6000 год. на промоција во Универзална сала

Неолитската окарина од Велес стара 6000 год. на промоција во Универзална сала

2,061 views
1

Артефактот кој потекнува од неолитскиот локалитет ,,Мрамор” кај Чашка (Велес), детерминиран како Окарина, е веројатно за сега најстариот музичкиот инструмент кој потекнува од Македонија.

На 19 април, по повод манифестацијата „Денови на македонска музика“, „Драган Даутовски Квартет“, официјално ќе го промовира пред јавноста овој необичен и уникатен артефакт на концертот кој носи наслов „Глас од минатото“.

Според информациите на Трајанка Јовчевска, археолог при музејот во Велес, (која впрочем е клучната фигура и „главниот виновник“), во 1989 година при археолошки истражувања непосредно до населбата Чашка на археолошкиот локалитет Мрамор, на 15 километри од Велес, во делот кој беше преоран со механизација, на површина бил исфрлен мал глинен топчест предмет од неолитскиот период, со старост погелема од 6000 години. Археолошкиот наод од страна на Трајанка ми беше донесен на експертиза и се воспостави дека станува збор за еден многу редок инструмент изработен од теракота (глина), а тоа е топчеста флејта.

линк до интервјуто со Драган Даутовски

Ова е голем придонес за македонскиот фолклор, уште поголем за археолгијата. Тоа е нешто што јас го подразбирам како ,,културен амбасадор” на една држава, и е епитет што Драган Даутовски несомнено го заслужува.


други постови на оваа тема:

Ексклузивен наод од Велес
ПРОНАЈДЕНА ОКАРИНА СТАРА 600

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here