Home Книги и литература Промоцијата на Вероника

Промоцијата на Вероника

789 views
0

Евe конечно да се оттргнам од обврските и да и посветам пост на мојата мила и добра пријателка Вероника Костадинова (илити Венера) и нејзината мистер хајд страна, Оксиморон.

За книгата знаев одамна. За промоцијата исто така. Помагајќи и на Вероника во неколку наврати да извади CIP и ISBN бројчиња од Универзитетска бибилотека, си ја научив процедурата за мене за во иднина. :)))

Промоцијата вешто водена од Трајанка Митрова, професионален телевизиски презентер од Кавадарци, беше надополнета со модната ревија на Лепа и секако со авторот на рецензијата на книгата, г-ѓа Тамара Арсовска. За  г-ѓа Тамара дефинитивно можам да кажам дека правејќи го критичкиот осврт и читајќи дел од поезијата поместена во збирката, успеа совршено да не занеме на едно половина час, владеејќи вешто со нашето внимание.

Завршната реч ја имаше г-динот Благој Кучиев – кој оваа промоција ја искористи за презентација на новиот бренд вина „Св. Елена“. На Развигор настанот надополнет со вино, а во согласност со античката традиција на баханалии, некако му заличе на симпозиум (= заедничко пиење). :)))

Посебно ми е драго што успеав да ја спојам Вероника со една моја друга добра пријателка, Лепосава Дабевска Јанакиевска, која е моден креатор. Од една мала идеја, произлезе навистина убав настан. Што би рекол персискиот поет од 11 век, Омар Хајам, целата атмосвера се преточи во песна, вино и убави девојки. 🙂

Kако што веќе беше споменато во неколку сублимирани постови, на настанот учествуваше и дел од Македонската Блогерска Заедница која прати делегација составена од: Офчарчето, Развигор, Гершанина, Волан, Хула Хопа, Рибаро и Орде, Намерникот и музата Марина.

Дополнувајќи ја Гершанина со нејзиниот луциден и харизматичен пост, би додала дека, оној кој навистина сакаше, тоа саботно врнежливо попладне беше во Неготино на промоцијата на “Полиглотот на тишината”. Едноставно…така требало да биде.

На разделување, Волан изрази желба да се прочита некоја од песните на Вероника на платото на Амфитеатарот од Стоби, но за жал поради лошото време, оваа идеја својата реализација ќе ја почека за во иднина. Затоа пак поетската вдахновеност својата кулминација ја имаше кај Хула Хопа, кој не остана рамнодушен на овој настан и на една личност која плени со својот стил, начин на живот и моќни размислувања. А Рибаро и Орде веројатно со некоја тајфа се уште пијат вински воздух, и се опиваат во песните, прашувајќи се:

Пехарот ли беше
или содржината
која ни даде сила
со умот да го допреме
факелот на страста
во едно саботно попладне

И да уживаме истовремено
во поезијата, виното
и убавите девојки.


А јас… епа јас ја чекам четвртата збирка 🙂

И уште еден симпозиум :)))

p.s. да, и стварно ми е мило што бев со сите вас таму

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here