Дома Агата Кристи и археологијата Археологијата во романите на Агата Кристи (1)

Археологијата во романите на Агата Кристи (1)

2,533 views
0

Да не беше владеењето на Садам Хусеин, досега археолошките локалитети Нимруд, Нинива, Бабилон, Ериду и Ур ќе се ,,прочуеја”.:)) Е па не е така. Тие со или без него си ја достигнаа светската слава. Иако…секој од нив и послужи и на Агата Кристи за дејствијата во некој од нејзините романи, насловени како: Murder on the Orient Express, Death on the Nile, Appointment with Death и секако Murder in Mesopotamia. Од каде врската на Агата Кристи со археологијата?

Агата Кристи на археолошкиот локалитет Chagar Basar

Кога на 08.11.2001 год. Brithish Museum ги отвори вратите за својата изложба насловена како:Agatha Christie and Archaeology: Mystery in Mesopotamia, никој не беше зачуден.

Веројатно многу работи ќе ви станат јасни ако се земе во предвид дека нејзиниот втор маж сер Max Mallowan бил археолог и втората половина  од својот живот таа ја провела на Блискиот Исток по археолошки ископувања. Придружувајќи го Макс на сите тие патувања и ископувања, таа го поддржувала и морално и технички. Важела за еден од најдобрите документатори во неговата екипа, лепела керамички фрагменти и водела статистика за артефактите. На самите археолошки ископувања, таа напишала поголем дел од романите, од кои некои се случуваат директно на археолошкиот локалитет, како што се дејствијата во книгите ,,Смрт на Нил” и ,,Убиство во Месопотамија”.

Според мене делата на Агата Кристи: 1. Се со несомнено естетски книжевен квалитет.
2. Во голема мера и на ненаметлив начин во нив се спакувани основните егзистенцијални образци во светот.
3. Сите ја третираат на еден интересен начин мрачната страна на човекот која од одредени побуди превзема дејствија за заштита на некои свои емоции.
4. Пристапот кон решавање на случаите со убиства е блиску до методите на археологијата

НО:>>>

Што е тоа што ги разликува главните ликовите од романите на Агата Кристи со теренските археолози? Разликата е во начинот на методолошките постапки со чија помош се доаѓа до решението.

Max Mallowan & Agatha Christie - Tell Halaf

Уште на почетокот од 20 век станало јасно дека археологијата е наука тесно поврзана со историјата и антропологијата. Првата и најосновната фаза од теоретската мисла на археологијата, симплифицирано била наречена културно-историска или само културна археологија. Заснована на индуктивното, значи дека размислувањата се сведувале на чиста логика. Мислата е заснована по принципот на силогизам на основна, главна премиса и адекватно на тоа – логичен заклучок.

продолжува…

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име