Home Археологија Виртуелната македонска археологија :)

Виртуелната македонска археологија :)

712 views
0

 

По спотот со кој Република Македонија се рекламира преку медиумската куќа CNN (клипчето можете да го погледнете на блогот на Панта Реи), еве ја пренесувам (со мало задоцнување од само неколку саата :)))) после Вуна и Би веста за Република Македонија, на компанијата Yahoo. Иако мислам дека во врска со оваa би ја нарекла “позитивна” медиумска хајка, првиот напис кој претходеше го видов кај Iacovibus, и беше превземен од yahoo news. А му претходеше веројатно на следново. Имено… Се работи за тоа дека делот од коропрацијата на Yahoo кој носи наслов Авантури, овие 5 дена е посветен на Република Македонија. Страниците не можете да го отворите веднаш, зошто се така наштимани да се отвораат ден по ден. За сега на првиот ден  можат да се прочитаат вистински факти за нашата ,,Република” што некого би го зачудило, со оглед на тоа дека обично овој тип на информации сиве овие години честопати беа комплетно извртувани.

Можат да се погледнат и повеќе клипчиња, а впечаток остава она од yahoo news  во кое Американците запрашани, дали знаат каде се наоѓа Република Македонија, одговараат најразлично, од кои предпоставувате… ниту еден одговор го нема вистинскиот исказ.

Би постави добри прашања од типот:

– дали е ова можно?
– како сме заслужиле некој да пишува за нас толку привлечно?
– и тоа да биде реално?

Се прашувам следново:

– кои се интересите на огромна корпорација како Yahoo да представува една земја под нејзиното уставно име?
– која е целта на една компанија од американскиот пазар своите сограѓани да ги прави благо ментално ретардирани будали, кои немаат појма каде е Македонија? И тоа да го објавува на нет…
– какви придобивки ќе има Yahoo од ова, кога почнува да се шушка (ќе видиме дали е официјално) дека сите акаунти почнуват да мрзнат по 2 милионитиот регистриран корисник, и стартуваат да се наплаќаат по 10 УСД месечно!!?? Дали Yahoo си бара нова клиентела преку оваков тип на презентации?

До тогаш можете да уживате во текстовите и клипчињата. 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here