web analytics

Едукативна обука за менторство за манифестацијата
„Европски денови на наследството“

Сакаш ли да учествуваш во конкурсите кои се дел од манифестацијата
„Европски денови на наследството“ и да добиеш грант?

Сакате ли да учествувате во манифестацијата „Европски денови на наследството“ со свој проект и на тој начин да се стекнете со право да аплицирате на една од двете грантови шеми кои оваа манифестација ги нуди? Во една оска спаѓаат „Приказните на европските денови на наследството“, а втората им припаѓа на „Младите европски креатори на наследството“.

Во 2020 на конкурсот распишан во рамките на „Европските денови на наследството“, ХАЕМУС ја доби наградата за ‘The Best European Heritage Story”, за проектот „Денот на Баба Марта“  и благодарение на финансискиот грант од Советот на Европа и Европската комисија успеавме да создадеме цела палета на креативни алатки за Обичајот Мартинки, нематеријално наследство впишано на светската репрезентативна листата на УНЕСКО чијшто правен носител за Македонија е ХАЕМУС. Подоцна нашето менторство на проектот „Македонска традиција“ на OOУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, под водство на одделенскиот наставник Тања Петков и нејзиното тогашно II 1 одделение, во 2023 ја доби наградата за најдобри „Mлади eвропски креатори на наследство“. Во успешната реализација на обата проекта како консултант и ментор беше влучена и м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС.

Европските денови на наследството“ се заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската комисија. Претставуваат широко прифатен партиципативен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа. Низ повеќе од 70 000 настани коишто се организираат истовремено во педесет држави, оваа иницијатива има за цел да ја подигне свесноста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, оваа манифестација прерасна во најголем европски проект поврзан со природното и културното наследството, којшто успешно ја промовира инклузивноста и ја поттикнува креативноста и имагинацијата на граѓаните во однос на нивното локално наследство.

Дали знаете доколку сте училиште, институција  и/или граѓанска организација од областа на природното и културното наследство, може се вклучите во оваа манифестација со свој проект, а со тоа имате голема можност подоцна да аплицирате и за грантовите кои оваа манифестација ги доделува во висина од 10 000 евра. Во случајот со апликацијата за „Mлади eвропски креатори на наследство“, поднесениот проект може да биде дури и од неформална група на граѓани.

ХАЕМУС организира специјална онлајн обука која може да Ви помогне во реализација на Вашите идеи. Ќе се споделат искуства од нашите награди од Европската Унија, а следствено на тоа и проектите коишто дошле како резултат од грантовите и финансиската поддршка која сме ја добиле.

Целта на обуката е да се оспособат ментори за креирање на проекти во согласност со европската димензија на манифестацијата која оваа година се одвива по мотото „Наследство на рутите, врежувањата и поврзувањата“, со цел активно да се вклучат во „Европските денови на наследството 2024“ коишто во Македонија скоро секојпат се одржуваат околу средината на месец септември.

Организација: ХАЕМУС
Логистичка поддршка:
Здружение на просветни работници на град Скопје
Предавач: м-р Василка Димитровска
Гостин1: Јасмина Котеска
Гостин 2: Тања Петков
Датум: 26.08.2024
Време 18-19:30 часот
Место: Online на Google meet
Котизација: 1000 денари

По завршување на обуката,
сите присутни учесници ќе добијат серификат.

Бараш оригинални и креативни интерпретации за да:

  • Одржиш работилница или група за дискусија
  • Направиш потрага или лов на богатство
  • Организираш посети на локалитети од природното или културното наследство
  • Поттикнеш меѓугенерациско учење

Со оваа обука добиваш информации, инструкции и примери од областа на интерпретација на наследството коишто може практично да се применат во секојдневната работа, а дополнително ќе им бидат од голема помош за конкурсот „Млади европски креатори на наследство“ на сите оние кои работат со деца и млади.

За кого е наменета оваа обука? 

Обуката е наменета за сите професионалци кои работат во областа на природното и културното наследство, а во врска со конкурсот на „Млади европски креатори на наследството“ кадешто се работи со деца и млади од 6-18 години, оваа обука е наменета исто така и за сите воспитачи, наставници, професори, педагози, едукатори, тренери, инструктори, ментори и тутори.

Предавач: м-р Василка Димитровска
Гостин 1: Јасмина Котевска, 
 добитник на наградата „Европски приказни за наследство“ во 2019.
Гостин 2:  Тања Петков, добитник на наградата за „Mлади eвропски креатори на наследство“ во 2023.

Василка Димитровска е магистер по археологија, менаџер и креативен директор на ХАЕМУС, консултант и сертифициран тренер по интерпретација на наследството. Од 2011 таа е соработник на National Geographic Society; од 2017 благодарејќи на мултинационалната апликација, станува правен носител на Обичајот Мартинки во УНЕСКО. Нејзиното портфолио е богато со организации на големи научни конференции, изложби, настани, како и консултации, обуки и тренинзи наменети за менаџмент и промоција на наследството на Македонија и Балканот. Во својата професионална кариера работела на многу проекти и раководела тимови и програми, а како консултант за наследство соработува со индивидуалци, институции и компании од различни индустрии кои ја допираат оваа тематика. Исто така има огромно искуство во образованието, младинските служби, работата со локалните заедници и работењето со групи млади луѓе.

Во рамките на својата организација ХАЕМУС, Димитровска е креатор на неколку програми кои остваат длабока трага кај многу генерации: „Денот на Баба Марта“, програма за негување, едукација и промоција на Обичајот Мартинки впишан во Репрезентативната листа на УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство; „Scupini Romani“ – програма наменета за едукација и промоција на античката римска култура и наследство и „Млад истражувач“ – едукативна програма со педагошки карактер која има своја сопствена издавачка едиција. Сите три програми се создадени како преплет од интерпретацијата на наследството и креативните индустрии и покрај едукативниот и педагошки карактер, претставуваат и примери за самоодржливи програми кои придонесуваат за социо-економскиот развој на локалната заедница.

Дополнителни информации за „Конкурсот за Mлад европски креатор“ можеш да најдеш и во нашата видео порака.

Доколку ти се потребни повеќе информации, контактирај ме на info@arheo.com.mk

error: СОДРЖИНАТА Е ЗАШТИТЕНА !!