Home Антропологија Како изгледа да бидеш дел од еден ,,Брод со бисери”

Како изгледа да бидеш дел од еден ,,Брод со бисери”

2,334 views
0

Заедно со тимот на ХАЕМУС во 2018 год. ќе учествуваме во филмскиот проект насловен „Брод со бисери“ кој ги спојува филмските дејци, истражувачи и продуценти од Македонија и од Турција заеднички да работат на ова филмско остварување. Овој играно-документарен филм има за цел да го покаже историското и културното богатство на двете земји и двата народа коишто споделуваат многу заеднички вредности.

Ottoman_heritage_Skopje_Haemus

Проектот е плод на долгогодишна научноистражувачка работа и ќе понуди една свежа страна на историјата, околу спомениците и харизматичните историски ликови, за кои се вели дека имаат емоционална љубовна страна којашто не е толку позната. Приказните започнуваат во Турција и тие блескаат како бисери. Главниот лик го толкува г-а Регина Икономовска, која во истовреме е сценарист и координатор на проектот. Таа информациите ги бруси по пат во свои приказни, создавајќи ја книгата ,,Брод на бисери”, со којашто всушност се враќа во Македонија. Крајот на приказните е во еден дел од провинцијата на поранешна Румелија, денешна Македонија. Во меѓувреме се покажува/прикажува едно богато културно милје помеѓу двете земји коешто има заеднички нитки, сето тоа сплотено во еден ,,Брод со бисери”.

Филмот е финансиски подржан од државниот и приватниот сектор на Македонија и Труција испраќајќи порака за мир и заедништво како силен мост во двете култури, особено во филмската индустрија.

За мојата конкретна работа на овој проект ќе пишувам понатаму, а за повеќе информации во врска со идејата, целта и продукцијата, прочитајте тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here