Не ми личи да бидам скромна кај мене на блог, па само ќе кажам дека пред вистински да се случи печатењето на оваа книга, јас веќе еднашка го посакав тоа. Свесна сум за своите предности и за своите мани. Но најмногу од се сум свесна за квалитетите кои ги поседувам како човек и како археолог. Беше само прашање на време кога еден дел од Археоблогот ќе се укоричи. Некогаш и некаде. Иако тој виртуелно ќе продолжи да постои се додека постои и Интернетот. 🙂
Мислам дека успешно ја одбегнав замката сите овие години да бидам само уште една репликација на македонските весници и секојдневието кое не опкружува. Се надевам успеав барем делумно во обидот на сите вас да ви ја пренесам идејата дека археологијата не е само наука за минатото и мртвите луѓе. Дека е присутна помеѓу нас во секое време и во секаков облик. Всушност с(ветот)е околу нас е археологија. Е сега доста е со хвалоспеви за мојот блог, туку…
Би сакала да напоменам дека во овој случај се работи за своевиден културен фeномен веројатно во светски размери, бидејќи заедно со ,,Археолошки дневник” од печат треба да излезат уште 13 книги на 13 македонски блогери во Едицијата – Блог-записи, зад кои стои издавачката куќа ,,Аквариус” од Скопје. Според издавачот – Блоговите кои влегуваат во оваа едиција се внимателно одбирани, ја презентираат разноликоста на нашиот блогерај: раскази, поезија во проза, лични видувања на теми од политика, секојдневие, општество, археологија, патувања… Сите книги се во Б6 формат, а бројот на страници варира од 60 – 120.
Морам да кажам едно големо браво за храброста на еден издавач ,,да верува” дека нешто што е напишано во виртуелниот свет, ќе им се допадне и ќе ги заинтересира луѓето од реалниот свет.
Благодарам што сум дел од оваа едиција.
За точниот датум на промоцијата, ќе бидете дополнително известени.
п.с. А честитки примам во секое време. 🙂
Клучни зборови: blog, book, post, blog-post, edition, Akvarius, Skopje, Macedonia, archaeology, cultural heritage, Arwena, Arheoblog, блог, книга, запис, блог-запис, едиција, Аквариус, археологија, културно наследство, Арвена, Археоблог
без твојот блог, преставувањето на блогосферата никако немаше да биде целосен
драго ми е што те имаме меѓу нас 🙂
Е па, честито артефакт, да ти се множат!
Виолетова, ти благодарам што веруваше во нас сите овие месеци и што те имаме како заеднички издавач.
Струмјан, сега е вистинското прашање. Дали е блогот само виртуелен артефакт или нешто повеќе од тоа?
Инаку фала на двајцата за подршката и за честитките. 🙂
Честитам Арвена. Посебно ми е мило, затоа што во изборот учествуваат блогери кои редовно ги следам. Се гледаме на промоција. (Што би рекла ти, самата себе си се поканувам 😉 )
[…] А честитки примам во секое време. […]
Дури ни јас вака немаше да те испофалам. 😉
Вистински избор!
Честито мила 🙂
Срдечни и најискрени честитки :)Нека ти се множат успесите (со геометриска прогресија)!
Браво Арвена што се најде во групата блог култура. Ќе настојувам да дојдам на промоцијата, ќе ми биде задоволство. Честитки и поздрав.
Се зезашRibar ама ако, ако, ајде и на твоја глава. 🙂
Дали се знае во кој тираж ќе бидат печатени книгите? Каде ќе се продаваат?
Здраво Филип, благодарам на интересот за книгата. Колку што сум запознаена, според издавачката куќа ,,Аквариус” секоја од блог-книгите во првиот тираж брои по 300 примероци, а би требало да се продава во книжарниците низ Скопје. Како за почеток. Потоа веројатно и низ Mакедонија. Исто така книгите ќе можат да се купат и на престојниот Саем на книгата. Сепак, по промоцијата сите ќе имаме подетални информации.
[…] FOR PAPPERS – International aerial archaeology conference — AARG 2008 LJUBLJANAОд печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на […]
[…] археолошка работилница – нова филијала на Археоблог Од печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на Аквариус […]
[…] археолошка работилница – нова филијала на Археоблог Од печат излезе книгата ,,Археолошки дневник” во издание на Аквариус […]
[…] не можеа да ја скријат воодушевеноста за едицијата ,,Блог записи”, иако на пример и во Србија во последната година доста […]
[…] Интервју за SKY NET (сега НАША) телевизија по повод промоцијата на книгата. […]
[…] Интервју за SKY NET (сега НАША) телевизија по повод промоцијата на Археолошки дневник […]