Дома Археологија Блогерите и Саемот на книгата

Блогерите и Саемот на книгата

1,681 views
0

 

Вчера во Метрополис Арената на Скопското Сајмиште свечено се отвори 20 по ред Саем на книгата кој ќе трае од 15-20 април. Така во следните 5 дена сите љубители на литературата ќе можат да си набават примероци од своите посакувани книги по намалени цени и на тој начин да си го збогатат личниот книжевен фонд.

Ај што саемот е од тапа по тапа секоја година, туку ми се виде чуден односот на медиумите кон одредени издавачки куќи (посебно оние кои публикуваа блогери), како и нивниот селективен избор кого ќе промовираат во своите печатени или веб страници. Од моментот на појавувањето на македонската блогосфера и нејзината експанзија, таа не престанува постојано да биде во фокусот на интересот. Да не се лажеме, на блогосверата во последните 2 години се појавија 10 пати подобри литеруатурни дела отколку во целиот период помеѓу 1945-2005. Ама тој податок како што може да се примети, некако медиумите намерно го прескокнуваат.

Како што веќе споменав кај Тања, Саемот на книгата сум го доживувала цел живот како еден од поавтентичните културни настани на Скопје. И секој пат сум му се радувала. Ама како тоне од година на година така имам некој грч во стомакот. Да биде трагиката поголема, од оваа година некои блогери (меѓу кои и јас) по логиката на нештата, се најдовме на штандот на издавачката куќа Аквариус. Така да веројатно многумина ќе доживеат уште една очајна перцепција на работите. Ако се уште уште постои поочајна ситуација од ова дереџе до кое е доведен саемот.

Издавачката куќа Аквариус според договорот има обрски кои треба да ги исполни кон авторите на книгите од едицијата ,,Блог-записи” но процесот секако е реверзибилен. Според објавеното, повеќето од блогерите ќе бидат на штандот на Аквариус помеѓу 18-19 часот каде ќе потпишуваат книги, а еве јас најавувам дека ќе бидам од утре секој ден на саем во периодот помеѓу 17-19 часот. Можете да дојдете да ги разгледате книгите, да купите по некоја со потпис од авторот, или само да поминете да се поздравиме и да си помуабетиме.

Штандот на издавачката куќа Аквариус се наоѓа на галеријата (т.е на спрат).

п.с. незванично и останатите блогери кои имаат изданија за други издавачки куќи, ќе потпишуваат книги, но ако тоа се случи, најверојатно најавата ќе ја проследат со пост.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име