Home Археологија Пајонските белези на еден фино формиран античко-македонски субстрат

Пајонските белези на еден фино формиран античко-македонски субстрат

5,492 views
0

Историските извори со галопирачка брзина не враќаат наназад со векови, се до времето на Хомеровата Илијада каде за првпат се споменуваат Пајонците и нивната храбра коњаница во походот кон Троја. Археолошките записи и мноштвото на откриени артефакти пак велат дека на територијата на денешна Република Македонија во периодот на железното време (10-6 век п.н.е.) а и подоцна, постоело кралството на Пајонија кое било сојуз од повеќе племиња во историските извори споменати како: Лајаи, Агријани, Дерони, Пелагонци, Астраи … Пајонците, како и секое кралство имале свои владетели кои одржувале пријателски односи со Атина, илирските кралеви, дарданските кнезови, а подоцна и со македонските кралеви. За повеќето од нив дознаваме преку нивниот отисок што го оставиле врз монетите кои ги ковале па така се множат прикаските за Ликеј, Патрај, Леон, Дропион…

Macedonian bronzes

Пајонците се познати во науката и според предметите кои им се припишуваат, детерминирани како ‘Македонски бронзи‘. Се работи за група на бронзени артефакти од периодот на железното време именувани според територијата на нивната распространетост, а предметите се поделени според стилските и типолошки карактеристики како накит за раце, за гради и за глава, појасни гарнитури, а како посебна група се издвоени култните бронзи. Овие т.н. Македонски брозни поистоветени со Пајонците се детермината според која може да се следи нивната активност, живеење и духовен свет во еден долг континуум, особено на територијата на Македонија.

Неодамна го слушав проф. д-р Драги Митревски на предавање кое носеше насловот „Пајонскиот народ и култура во областа на археологијата“. Темата за тоа дека Пајонците го прават 70% од етничкиот субстрат на античките Македонци не е за прв пат изнесена во научната јавност. Една мала плејада на експерти се занимаваат со оваа тематика, но нивните истражувања се чини како да не излегуваат од строгите научни кулоари и не стигнуваат пошироко до луѓето.

Пајонската свештеничка, маските од Требениште, менадата од Тетово се само мал дел од артефактите кои се откриени, а им се припишуваат на Пајонците. Според мое мислење, Пајонците се гордоста на древна Македонија и мислам дека се неправедно запоставени во пошироката медиумска јавност. Потребна е малку повеќе популаризација на оваа тема, а можеби не е лоша и идејата за своевиден мини семинар, како за експертите така и за сите љубители на археологијата и културното наследство.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here