Home Археологија Уште само шест месеци да се спаси праисториската уметност на Ласко

Уште само шест месеци да се спаси праисториската уметност на Ласко

4,406 views
1

Есента 1879 година шпанскиот аматер и археолог Marcelino Sanz de Sautuloa и неговата ќерка Марија решија да ги истражат пештерите околу брдото Алтамира. Еден ден додека Sautuloa се обидуваше да копа во подот од една пештера, Марија реши да се прошета низ ходниците. Не помина многу време кога од внатрешноста се слушна, ,,Тато, види вол“. Така Maria Sanz de Sautuloa стана првиот модерен човек кој со свои очи видел една галерија на праисториски сликарии.

[youtube]HmD6Lo9-l3s[/youtube]

Оттогаш наваму уметност насликана на карпите и во пештерите од франко-кантабриската област не престанува да предизвикува внимание. Посебно прашина се крена по откривањето на пештерата Шовe (Chauvet) во 1994 година кога се отворија нови прашања, бидејќи со употреба на т.н. AMC метода овие цртежи беа датирани на околу 32 000 BP. Со овој факт засега Шове го носи епитетот на најстарата фигуративна пештерска карпеста уметност.

Chauvet Cave

Со оглед на тоа што поголемиот дел од оваа доцнопалеолитска уметност исполува комплексни социјални и уметнички карактеристики, се покажала потребата од нејзина интерпретација. А желбата за интерпретација на ова поле, според мене, е прилично моќна и веќе еден век се кршат научните копја која од теориите ќе надвладее.

Во летото 1988 година, во престижното списание Current Archaeology излезе написот ,,The signs of all times“. Авторите David Lewis-Williams и Tomas Dowson предложија еден нов пристап за толкување на оваа уметност. На почетокот иако со голема скепска, сега веќе поголем дел од научниот свет се сложува со теоријата за примена на невропсихолошкиот модел во интерпретација на доцнопалеолитската уметност.

Но, за David Lewis-Williams, ентоптите, племето Сан, халуциногените дејствија и состојбата на прооменета свесност при содавањето на уметноста веројатно ќе напишам посебен пост. А овој текст беше предизвикан од фактот што во моментов стручњаците се борат да ги спасат цртежите во пештерата Ласко кои се нападнати од фунги, и за кои сметаат дека им се заканува опасност.

По втор пат за стотина години познатото сликарството во пештерата Ласко е загрозено од габички кои се закануваат да ги уништат цртежите за кои се претпоставува дека се стари околу 15 – 17 000 години. За разлика од нас кои само зборуваме за заштита на културното наследство, Француската влада иако молчи, веќе започна да превзема мерки за негово санирање.

За оние кои не се запознаени, Ласко е одамна затворена за јавноста, а посетителите влегуваат во реплика која изгледа идентично како самата пештера. Сепак ќе се сложите дека во вакви случаи  дури и најдобрата копија не може да биде поавтентична од најлошиот оригинал, кој како печат на карпите го оставиле нашите дамнешни претци.

Линкови:

Six months to save Lascaux cave art
Debate Over Moldy Cave Art Is a Tale of Human Missteps

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here