Home Археологија In memoriam – Кирил Трајковски

In memoriam – Кирил Трајковски

3,083 views
0

Во саботата утрината почина Кирил Трајковски, археолог, проучувач на средновековниот период во Република Македонија. Со голем број на проекти и публикувани трудови зад него, Кирил Трајковски ќе остане запаметен како истражувач на археолошките локалитети Мородвис кај Кочани и Кастелот кај Кожле, кој се наоѓа на 26 километри јужно од Скопје, на десната страна од автопатот кој води за Велес. Му останаа нереализирани многу желби и идеи, како и докторатот кој го доработуваше и требаше да го брани во Софија.

 

Кастелот кај Кожле
Од изложбата во 2008/2009 г – Музеј на Македонија

Кирил Трајковски уште долго ќе се споменува помеѓу своите колеги како еден од ретките луѓе со кои можеше бескрајно да се разговара на многу теми, и кој со својата оштра и бритка мисла се има спротиставено на археолошката наука поради многу неморал и премалку објективност кај научниците. Самиот важеше за еден од најголемите философи помеѓу археолозите и да не беа некои од неговите болести со кои се бореше поголем дел од животот, сигурно ќе беше на пиедесталот на археолошката научна мисла. Македонската археологија загуби добар човек, одличен археолог, прекрасен пријател и особено потпора која им ја пружаше на помладите колеги.

[youtube]4d63pG6mdR8[/youtube]

На комеморацијата која денеска во 13 ч. се одржа во Музејот на Македонија имаше многу колеги кои дојдоа да му одадат последна почит на еден од најискрените луѓе во македонската археологија и еден од најзаслужните што таа постои. Некои беа дојдени и од другите околни држави. Не заплакав. Зошто се почувствував многу гордо. Помеѓу тие стотина присутни таму, и јас имав чест да познавам еден голем човек на своето време. Почивај во мир драг колега, за мене засекогаш ќе останеш најавангардниот македонски археолог на сите времиња. 🙁

Со Кирил Трајковски на изложба во Музеј на град Скопје
(2009 година)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here