Home Антропологија Праисториските дами од Македонија

Праисториските дами од Македонија

3,995 views
0
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

‘Праисториските дами од Македонија’ можеа да се видат на истоимената изложба која скоро цела 2005 траеше во Музејот на Македонија. Деведесет и пет праисториски дами од периодот помеѓу шестиот и средината на третиот милениум пред н.е. ги поврзуваше една меѓусебна идеја – жената како сегмент од богатиот духовен живот на нашите предци. Покрај Скопје, изложбата беше поставена и во неколку други градови низ Македонија, а дел од овие фигурини се најдоа во склоп на изложбата ‘Unearethed‘ во Велика Британија, каде го предизвикаат вниманието на странската и светската јавност поради својата комплексност.

Праисториските дами од Македонија

Убави и впечатливи, овие Неолитски и Енеолитски дами ни отвораат еден период од праисторијата каде креативното разбирање на луѓето за материјалниот свет се преточило во естетски сфаќања за духовната димензија. Лишено од историски записи, развило необичен дескриптивен принцип, а на вас останува да откриете дали можеби тоа била само имагинација на две популации кој тајните на минатото засекогаш ги понеле со себе? 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here