Home Археологија Something about macedonian archaeology – Wish List for 2008

Something about macedonian archaeology – Wish List for 2008

2,831 views
1

 

Нема да правам (ре)капитулација на случувањата во археологијата од изминатата година. Но ќе направам една упростена листа на неколку работи кои навистина би овозможиле вистински напредок на оваа во последните 20 години, малку подзаборавена и на маргините ставена наука. 1. Повеќе јавни археолошки веб страници за секој ископан локалитет.Јавноста има право да знае за секој артефакт кој потекнува од територијата на Република Македонија. Впрочем тоа не е само наше туку и културно добро кое припаѓа на целиот свет. Идните археолошки сајтови мораат неминовно да ги поддржуваат многуте алaтки со цел археолошките локалитети да се видат од секаква перспектива (значи нивна тродимензионалност), во секаква ориентација и низ еден временски континуум, кој може да биде контролиран од корисниците.

2. Дигитална теренска документација

Употреба на хај теч достапни алатки и компјутерски програми во реконструкција на локалитетите е ,,новина” стара 30 години. Апаратите и програмите како Тотална станица, GIS, Аерофотографија, ортофото, Maya,  Archaeopack, Google earth и др. се одамна составен дел од теренската и кабинетската методологија насекаде во светот, освен кај нас.  Ако IT практично се нуди на сите како некоја конкубина (а тоа е термин кој ептен ми се допаѓа), не разбирам зошто би се игнорирале нејзините придобивки.

3. Просејување на земјата на секој ископан локалитет

Ископувањето, вклучително со земање на седиментолошки, ботанички и зооархеолошки проби овозможуваат да се добие поцелосен увид во комплетната состојба на еден ископуван локалитет.  Со помош на овие т.н. неартефакти кои им припаѓаат на почвата, фосилите од растенијата и остатоците од животните може да се направи реконструкција на сегмент од животната средина на древните популации, чиј составен дел биле и тие. Луѓето на запад измислиле и посебна наука при оваквиот третман на наследството кое не е културно, ама богами е од многу витално значење.

4. Jавен годишен извештај за ископаните локалитети.

Овој краток сублимат треба да биде публикуван и да биде достапен секому. Тука нема никакви тајни и не претставува софистициран научен трuд, туку известување за текот и пронајдоците на еден истражуван археолошки локалитет. Археолозите со закон се озбврзани да го прават тоа, па сепак и после многу години, исклучителни пронајдоци не се публикувани и достапни на јавноста, а одредени колеги се однесуваат посесивно во однос на нивната сопственост.

5. Да се издава литература за археологија

Можеби и не се потребни 60 тома книги за археологија, но факт е дека литературата за археологијата е во дефицит. Сите сакаат да ископуваат, а никој да публикува. Во светот е обратно. Постои закон кој вели дека по 3 сезони резултатите мора да бидат публикувани, инаку нема основа да се бараат пари за понатаму. Исто така фали и популаризација на оваа наука, но во хартиена, а не во форма која ја направија Синтезис иако и тоа е за голема почит. Само од мојот блог би можеле да се направат едно три книги за популарна археологија. Во земја каде не може да се најде ниту еден унифициран туристички водич по археолошките локалитети, странците не сакаат продавање на празна слама, туку мапа како можат да стигнат до Аквадукот, кој може да се види дури и со помош на Google earth.

6. Вработување на 400-те невработени археолози.

Вработувањето на археолози е вистински чекор кон создавање на платформа која ќе има поприлично силни влијанија во сите свери од нашиот живот. Постојат многу млади колеги кои имаат што да кажат, само ако им се даде прилика да го сторат тоа. Јас својата шанса си ја дадов самата, но не се сите храбри како мене. Нешто од ова беше ветено од страна на Паско Кузман, но наглото вработување нема да помогне да процвета археологијата. Археологијата е наука која игра на долги патеки, и потребни се генерации на археолози кои ќе направат добра подлога за нејзино понатамошно развивање.

7. Да се направи датабаза за македонската археологија

Како за почеток, потребна е македонска онлајн енциклопедија за археологија зошто како држава досега немаме издадено некаква релевантна специјализирана енциклопедија, а поседуваме огромно научно необработено културно богатство кое седи затворено во витрините или депоата од музеите. Односот кон ова условно кажано “burried treasure” е како во народните ора. Ако не го публикуваме, секој три чекора напред, ќе не враќаат по еден чекор наназад.

8. Да се организираат јавни трибини

Јавните трибини се потребни бидејќи само со живи научни дебати може да се поткрене нивото на теоретската археологија. Ова посебно важи за оние персони кои во живот не чуле што е тоа, а глумат археолози. Секоја промената на перцепцијата во однос на третирањето на културното наследство е подобра од оваа сегашнава. Јас би била првата која би изглегла на јавна трибина во директен дуел со своите читатели или соговорници, соочувајќи се со предностите или слабостите на моите теории. Никој не е совршен, ниту сезнаен. Но тоа е единствениот начин да се порасне и да се оди понатаму. Без тоа нема вистинска наука.

9. Да направиме брендови од Јустинијан, Комнените, Цар Душан ..итн …

Дошле, виделе, победиле. Останале запаметени во колективната свест. Дел од нивната крв се пролејала низ нашите вени, исто како што ја натопила земјата која ја ископуваме за да дојдеме до било какви податоци за нивните траги. Од сопствена историја исто како од својата кожа – не се бега. Ќе биде подобро да се навикнеме на неа, па макар ни станала и тесна.

And at last…

10. When you are angry about your past, you need a hug or a sharp object. That`s why the trowel always has to be sharp. But please, don`t throw a trowel at me. I am not guilty if you discover that your history does not fit your standards.


Да се открие дека минатото не одговара на нашите норми, дека е одвратно или едноставно сосема различно, може да биде добра лекција. Поприлично е јасно дека староседелското население ниту на овие, ниту на било кои простори во светот не може да се идентификува со етничките нации кои постојат денеска. Но сепак е дел од нашиот код. Да не зборувам дека (не)грижата за културното наследство представува лична карта за интимната хигената на една нација кон своите корени. Ова е само една варијанта на мојата Wish List for 2008 about macedonian archaeology.Некој рекол дека иднината на археолозите лежи во рушевините. А не во компјутерите? Ма баш :))))


1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here