Home Лично Среќна Нова година до сите пријатели, блогери, читатели …..

Среќна Нова година до сите пријатели, блогери, читатели …..

1,459 views
0

 

Драги мои пријатели, читатели, блогери, роднини и попатни минувачи низ мојот блог. Оставам зад себе уште една успешна година на блогирање и се надевам дека ќе се дружиме и понатаму. Ви благодарам на сите кои ме читавте и коментиравте. Драго ми е ако едни од други научивме уште по нешто ново, кое не сме го знаеле претходно. Јас заминувам од државава на кратко, на едно место каде се бакнуваат Истокот и Западот. На сите ви посакувам следнава година да имате илјадници причини за насмевка, а ниту една за тага.Ви посакувам да ги искористите сите можности кои ви ги дава животот, да бидете посреќни, подобри во секој поглед, помудри, повредни и покорисни.Да давате и да примате многу Љубов, Мудрост, Добрина, Радост и Сочувство.

Но најмногу од се ви посакувам да имате добро здравје и засекогаш да бидете свесни за квалитетите кои ги поседувате. Иако се уште не е Божиќ, сепак нека биде Христос во вашите срца, а мир со вас каде и да сте.

Срдечно

Археолошки дневник vоl.2

Среќна Нова 2008

[youtube]LX1fiE0U1qA[/youtube]

Shostakovich – Second Waltz

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here