На 14 март, помеѓу 14:00 – 17:00, на Филозофски Факултет во Скопје, во конференциската сала, предавање на тема ‘Златото меѓу Алпите и Балканот во праисторијата‘, ќе одржи проф. д-р. Митја Гуштин.
Професорот Митја Гуштин е раководител на Институтот за медитеранско наследство и Центарот за наука и истражување на Копер при Универзитетот во Приморска, Словенија. Познат е по својот голем придонес кон македонската археологија и верувам дека ова ќе биде едно необично и интересно предавање од негова страна. Секако, настанот штом има своја страница на фејсбук, значи дека е отворен за сите заинтересирани.