Home Археологија Изложби: Култната пластика од енеолитското наоѓалиште св. Атанасиј – с. Спанчево, Кочанско

Изложби: Култната пластика од енеолитското наоѓалиште св. Атанасиј – с. Спанчево, Кочанско

4,182 views
2

Пред неполн месец дена заврши една голема светска изложба на која беше изложен дел од богатото македонско праисториско наследство. Ова е видео од изложбата Unearthed: Prehistoric Figurines from the Balkans and Japan на која македонските праисториски фигурини го предизвикаа вниманието на светската (пред се научна) јавност. Замислена како пачворк од артефакти кои потекнуваат од различни делови на светот, овој концепт преку визуелниот светоглед на нашите заеднички предци се обиде да одговори на прашањата: кои сме, што сме, како сме комуницирале во минатото и што е она ‘човечкото’ кое не поврзува сите нас уште од праисторјата, од тука на Балканот се до Џомон културата во Јапонија и повторно назад во Норич, во Англија. Изложбата која беше поставена во Sainsbury Centre for Visual Arts, ги прикажа заедничките карактеристики (тука пред се’ се мисли на орнаментика, декорација, шара, дизајн, украс) присутни кај Неолитските култури ширум светот.

[youtube]qGabPlNfCeg[/youtube]

По изложбата ‘Праисториските дами од Македонија’ која можеше да се види скоро цела 2005 во Музејот на Македонија, а гостуваше и во неколку македонски и светски градови, љубителите и истражувачите на македонското културно наследство по втор пат имаат можност да присуствуваат на еден несекојдневен настан кој верувам ќе го преокупира повторно вниманието на јавноста и на медиумите.

На 27.09.2010. година со почеток во 12:00 часот во ЈОУБ “Искра” – Кочани се отвара изложбата “Култната пластика од енеолитското наоѓалиште св. Атанасиј – с. Спанчево, Кочанско“.

Автор на оваа изложба е мојата колешка, археологот Илинка Атанасова од Кочани.

Со нетрпение очекувам да ги видам овие праисториски дами од Македонија кој ни отвораат еден период каде креативното разбирање на луѓето за материјалниот свет се преточило во естетски сфаќања за духовната димензија. Лишено од историски записи, развило необичен дескриптивен принцип, а на нас останува да откриете дали можеби тоа била само имагинација на една популација која тајните на минатото засекогаш ги понеле со себе? Жената преточена во симбол, обликувана во фигурина, мултиплицирана во разни варијанти, укажува на тоа дека таа била многу почитувана во сферата на тогашниот општествен поредок. Зарем тоа не е така и денеска?! 🙂

2 COMMENTs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here