Со какви се граѓани се соочуваат археолозите во неможноста да го спасат културното богатство на Македонија, е и последниот случај со пронајдената статуа од античкиот град Стибера во нивата на земјоделецот Васко Дебрешлиоски од селото Чепигово.
Весникот Дневник прилично добро го пратеше и го елаборираше целиот настан, па во нивните написи тој може и хронолошки да се следи.
– Орајќи нива открил статуа стара 19 века
– Римската божица во куќен притвор во Чепигово
– Римјанката од Чепигово ќе биде откупена
– Наоѓачот на „херкуланката“ незадоволен со 80.000 денари
– Дебрешлиоски дава 80.000 денари за херкуланката
Елем две важни ..забелешки” во случајов:
– Стибера е локалитет со својство на споменик на културата и граници кои се утврдени, и како таков и е познат на македонската и на светската јавност.
– Според Законот за заштита на културното наследство, во Република Македонија се што ќе се пронајде во земја и во вода е во сопственост на државата (Глава I, член10/3)
Во вакви случаи нема преговори, отстапки и нагодување за цена. Сметам дека Управата за заштита на културното наследство е преблага со решението за 80 000 ден. да ја откупи оваа статуа. Не бакшиш, туку казна во иста висина треба да му напише на човеков за непочитување на културното наследство и за прекршување на законот. А за какво прекршување на законот сега се прашувате…
Па човеков после 20 години копање на земјиште која се наоѓа на познат локалитет до сега не пронашол никаков наод, и ете одеднаш откопал цела статуа на нива која се ора пола век. И тоа на само 30 см од површината на земјата, кога знеме дека оралото од плугот може да зафати и до пола метро ако е орањето длабоко. (А јас инаку се бунев кога на магистерските студии за еден испит ми ја бараа оваа информација) 🙂
Вревата која се крена за мермерната статуа од античкиот локалитет Стибера се уште не стивнува. А и како да стивне кога некои луѓе не само што не ги познаваат законите во државата во која живеат, туку и не го вадат носот подалеку од својата нива.
Додаток:
16.04.2007 – апдејт: Пронаоѓачот ја даде скулптурата, ама останува на своите барања
18.04.2007 – апдејт: Откривачот на скулптурата во Чепигово ќе добие 106.500,2 денари
20.04.2007 – апдејт: Херкуланката конечно во Музеј
[…] сите овие настани, веројатно највпечатлив беше случајот со Херкуланката од археолошкиот локалитет Ст…. Имено, се работеше за тоа дека еден човек по 20 години […]
[…] сите овие настани, веројатно највпечатлив беше случајот со Херкуланката од археолошкиот локалитет Ст…. Имено, се работеше за тоа дека еден човек по 20 години […]