Home Археологија Археолозите во Македонија работат на црно

Археолозите во Македонија работат на црно

8,817 views
17

Сум ископувала точно во 9 земји во Европа. Уште како студент сама ги спонзорирав моите патувања и имам прилично големо теренско искуство. Благодарејќи на мојата силна волја да работам археологија во земја во која оваа наука е заглавена некаде на крајот од 19 век (и физички и ментално), до сега не сум се откажала од неа.

Како што е познато, оваа година започнаа кампањи на многу археолошки локалитети, на кои работат веројатно повеќе од 2000 луѓе, помеѓу кои и 400 дипломирани, а незапослени археолози. На 17. Март 2010 година започна годинешната кампања на археолошкиот локалитет Градиште, кај с. Таор, во науката познат по тоа што можеби тука се наоѓа родното место на императорот Јустинијан I – Тауресиум. Како дел од стручниот тим, мене ми припадна задоволството да бидам одговорна за секторот документација и скоро секој пронајден наод изминатот период помина низ моите раце.

Како што веќе беше објавено во 2 медиума (А1 и Утрински), на најголемиот дел од археолошките локалитети се уште не се исплатени дневниците за март и за април, а веќе е дојдена средината на мај. Пукна голем срам, ама очигледно некои луѓе немаат ни срам ни перде. Тоа направи револт кај моите колеги археолози, а исто така и кај работниците, бидејќи на некои луѓе ова им е и единствениот извор на финасии со кои тие си ги хранат своите фамилии. Па во името на сите нив, јас решив да проговорам јавно и да прашам:

1. Зошто се уште не ми се исплатени хонорарите за март и за април?

2. Зошто и после толку месеци немам потпишано договор за дело, поточно зошто не ми е даден до сега договор за авторски хонорар во однос на она што го работам? Со самото тоа што нема доказ дека се работело, исто како никогаш ништо да не се случило. Да не зборуваме дека на тој начин се прекршува законот бидејќи не може во отсуство на договор некому да му се исплаќаат пари на сметката.

3. Зошто на ископувањата работниците и археолозите не се осигурани од повреди (на пр. ако некој си шине глужд, го укаса змија итн… ). Кој ќе му плати болничките трошоци и траумите? А не дај боже може да се случи и најлошото.

Ги разбирам моите колеги кои молчат. Претпоставувам дека не е лесно да си во институција оти ако проговориш јавно, секако ќе те чека некоја сопка или опструкција. Но јас немам што да загубам. Ниту сум во политичка партија, ниту сум во институција. Повеќе од пола живот работам во приватниот сектор и на тој начин си ја заработувам платата која ми дозволува научно да истражувам, оти во оваа држава реално не ни може да се живее од археологија. Кој тоа го вели – значи дека лаже. Во меѓувреме се случи технолошкиот напредок да ми ја наметне употребата на новите медиуми и социјалните мрежи кои активно ги користам веќе неколку години. Па покрај тоа што сум блогер, исто така сум и еден од најактивните македонски археолози, а покрај научните трудови, интернетот е сосема доволен извор за моето CV.

Она што сакам да знам е до кога ќе трае оваа лакрдија со македонската археологија, пред да се случи некоја поголема катастрофа? Прашањето е зошто толку се одолговлекува со исплаќањето на хонорарите? За да се добие ли на време!

Сум ископувала во многу земји низ Европа и Балканот. Секогаш моите претпоставени се држеле за договорот кои сме го потпишале во однос на клаузулите како ќе тече нашата соработка. Само во мојата родна земја сум била понижена и увредена во светот на археологијата, и како човек и како професионалец.

17 COMMENTs

  1. Не ми се верува дека немате потпишано никаков договор. Но и без договор ќе си го добиеш тоа што ти следи. Само не е фер да не се исплатува навремено заработеното, да не зборуваме што во меѓувреме имаш направено и трошоци, и потенцијално изгубени можности за друга работа додека работиш на локалитетот.

  2. Vasilka, se nadevam deka ne se otkazuvas od turistickite turi vo ime na arheologijata. Toa e prekrasna nauka, ama “bez pari-nema leb”, taka sto samo od ljubov kon naukata ne se zivee. Pozdrav!!!

  3. […] This post was mentioned on Twitter by Blagoj Kapsarov, Mishevski Igor, Vasilka Dimitrovska, Vasilka Dimitrovska, Toni Jovanoski and others. Toni Jovanoski said: RT @mishevski: RT @Arheoblog: [нов блог пост] Археолозите во Македонија работат на црно http://bit.ly/bAuu7U # pls RT […]

  4. Имам начуено дека „Управата“ на ангажираните им нуди Договори на процент…колку ќе ископаш артефакти толку ќе бидеш платен? Дали има вистина во ова?

  5. Katastrofata e vekje slucena!

    So registracija na grupa gragjani koi go uzrpiraa svetoto ime na makedonskiot narod “VMRO” kako “DPMNE” a na koja katastrofa preduprediv uste pred 2 decenii (1990)-mozebi Vie seuste ste studirale, namesto da se likvidiraat megjusebno (sto e niven “modus vivendi”) sega (bidejki ne smeat toa da go cinat pred budnoto oko na megjunarodnata javnost) toa PERFIDNO go cinat so sopstveniot narod-zbidnuvanjata vo arheologijata e samo edno zrnce pesok vo SVINJARIITE i (debarmmalski) p*z*a*i*t* sto gi cinat SEKADE KADE STO KJE SE DOBERAT DO VLAST.

    Ako mozam da Ve utesam: sledejki vesti po se izgleda ni malku ne e podobra sostojbata nitu vo “pokulturnite” i “pociviliziranite” drzavi od poranesna SFRJ (so iskjlucok na Slovenija).

  6. И јас сум чул она што го загатна Трпе. Арно викаше некој паметен овде по интернетот (не памтам каде го видов тоа) треба камери да се ставаат на локалитетите. Само кој да ги слуша таквите.

  7. Она што заборавив да го пишам во постот е дека ги чекам средствата од исплатата на археолошкото ископување за да ја уплатам одбраната на мојата теза во Белград која чини околу 500 EUR.

  8. Како па да не, уште пари во археологијата? Абе дали сте вие нормални? За шо пари бе? За Археоблогови? За личности и онака блиски до кланот на Паско Кузман кои ја исцицаа државата копајќи. Ако им допуштиме на овие кртови да си играат копачи се плашам дека планетата земја ко швајцарско сирење ќе ја сторат копајќи на наша сметка. И не оти наоѓаат нешто. Кој кур ме боли мене за пар златни маски, камења и некои садови од кои денес човек ни три голтки пиво не може да испијат.
    Да се сопре архео-мафијата на чело со авторкава и Паско одма!

  9. По втор пат мојот пост е цитиран во текстот на весникот ‘Нова Македонија – „Златни“ години во археологијата – како за кого’.

    Позајмени се цели пасуси од написот, цитати како и мои дополнителни изјави. Ова е одличен историски документ, или како што ние археолозите велиме – One thing you may be absolutely sure of – if an item does not appear in our records, it does not exist!

    Или со мои зборови кажано – Ако нешто не е запишано, исто како никогаш и да не се случило!

  10. […] Ќе дозволиме ли ЕУ да ни ја пишува историјата January 23rd, 2011 | Author: Археоблог По професија сум археолог. Исто така имам уште една титула која многу ретко ја користам во животот, а тоа е историчар на уметноста. Комплементарна професија преку која сум инвестирала во себе уште на времето, е лиценцата за туристички водич, оти увидов дека тоа е еден од најдобрите начини еден археолог/историчар на уметноста вистински да го валоризира своето знаење. Причината се некои настани како оние од минатата година кога јавно го подигнав својот глас против начинот на кој државата се однесува кон една од професиите од која би требало да има најголем бенефит. Археолозите во Република Македонија се понижени и деградирани како стручњаци во ова општество, и се додека не се изборат за своите права кои по закон им се доделени, нема никогаш да не има во научниот свет. Оти не е шала вие да го истражувате минатото на една држава, а притоа да бидете слабо платени (600 денари дневница), да немате обезбедено ХТЗ превентивна оперма заради ваша заштита (шлем, ракавици, елече, чизми), да немате потпишан договор за вашата работа на археолошкото ископување, или практично на црно да го ископувате културното наследство на ваша…. […]

  11. […] По професија сум археолог. Исто така имам уште една титула која многу ретко ја користам во животот, а тоа е историчар на уметноста. Комплементарна професија преку која сум инвестирала во себе уште на времето, е лиценцата за туристички водич, оти увидов дека тоа е еден од најдобрите начини еден археолог/историчар на уметноста вистински да го валоризира своето знаење. Причината се некои настани како оние од минатата година кога јавно го подигнав својот глас против начинот на кој државата се однесува кон една од професиите од која би требало да има најголем бенефит. Археолозите во Република Македонија се понижени и деградирани како стручњаци во ова општество, и се додека не се изборат за своите права кои по закон им се доделени, нема никогаш да не има во научниот свет. Оти не е шала вие да го истражувате минатото на една држава, а притоа да бидете слабо платени (600 денари дневница), да немате обезбедено ХТЗ превентивна оперма заради ваша заштита (шлем, ракавици, елече, чизми), да немате потпишан договор за вашата работа на археолошкото ископување, или практично на црно да го ископувате културното наследство на ваша…. […]

  12. […] Да се работи безбедно на археолошките локалитети January 31st, 2011 | Author: Археоблог Факт е дека археолозите во Република Македонија не се здравствено заштитени и згрижени кога работат на проекти, најчесто на теренски ископувања и истражувања. Ова е една ставка од законот за археолошки истражувања која долго стои занемарена, бидејќи повлекува сериозни консеквенци. Археолозите во Република Македонија се понижени и деградирани како стручњаци во ова општество, оти не е шала вие да го истражувате минатото на една држава, а притоа да бидете слабо платени, да немате обезбедено ХТЗ превентивна опрема заради ваша заштита (шлем, ракавици, елече, чизми), да немате потпишан договор за вашата работа на археолошкото ископување, или практично на црно да го ископувате културното наследство на ваша…. […]

  13. […] Факт е дека археолозите во Република Македонија не се здравствено заштитени и згрижени кога работат на проекти, најчесто на теренски ископувања и истражувања. Ова е една ставка од законот за археолошки истражувања која долго стои занемарена, бидејќи повлекува сериозни консеквенци. Археолозите во Република Македонија се понижени и деградирани како стручњаци во ова општество, оти не е шала вие да го истражувате минатото на една држава, а притоа да бидете слабо платени, да немате обезбедено ХТЗ превентивна опрема заради ваша заштита (шлем, ракавици, елече, чизми), да немате потпишан договор за вашата работа на археолошкото ископување, или практично на црно да го ископувате културното наследство на ваша…. […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here