Home Антропологија Публикации – Етнографски белешки за Трибулумот во Република Македонија

Публикации – Етнографски белешки за Трибулумот во Република Македонија

4,927 views
7

Во фокусот на мојот потесен научен интерес повеќе од една деценија е каменот, поточно кременот, според некои мои колеги означен како карпа без идентитет. Кременот бил употребуван од праисторијата до нашето совремие насекаде во светот, но честопати лабараториските анализи не можат да ја потврдат провиненцијата/потеклото на примероците, бидејќи различни алатки од различни места може да имаат сличен хемиски состав, додека бојата е само варијација на минералите во карпата. Откривањето на лежиштето на кремен, посебно оној кој се пронаоѓа на праисториските археолошки локалитети, се смета за вистински научен погодок.

Подолу се наоѓа еден раритетен 14 минутен етнографски филм кој е снимен благодарение на Жак Борда (Jacques Bordaz) и неговата сопруга во 1969 година во Турција. Носи наслов ‘Каменото делкање во модерна Турција’ и ни претставува два човека кои произведуваат секој ден околу 5000 парчиња на кремен, секое долго 3-5 инча (7-13 см). Едниот од нив оди во рудникот со алатки за да ископа кремен, додека другиот го делка истиот во близината на влезот од рудникот. Според сведоштвата, кремените сечила во Турција биле употребувани најмалку се до 1969 година, и тоа најмногу за трубулумите со кои се ситнеле житариците.

Со години се обидувам да најдам жив мајстор кој произведувал или евентуално делкал кремени. Но секој мој обид на терен заврши безуспешно. Последните луѓе кои веројатно палеле цигари со чакмак и кремен, починати се уште во осумдесеттите и деведесеттите години од дваесеттиот век.

Во обид да го истражам користењето на камените (пред се делканите кремени алатки) во Република Македонија, како една од технолошките направи кои ги инкорпорирале во себе, се појавија токму трибулумите.

Трибулумот кај нас попознат како дикањ(а) е земјоделска алатка со која се вршело жито. Археолошките истражувања сведочат дека тој бил употребуван од праисторијата до нашето совремие, од најразлични народи. Со оглед на локациите каде се сретнува, досега тој се поврзуваше со Медитеранскиот појас и се сметаше за исклучиво негов елемент. Се обидов да укажам дека овој тип земјоделско орудие било присутно и на нашата територија, бидејќи етнографските белешки за нашиот регион, како и малиот број на зачувани примероци сведочат за континуитетот и употребата на трибулумот во Македонија најдоцна до 1954 г.

[slideshare id=644542&doc=tribulum-1223485134662081-8&w=425]

Помеѓу 20-22 Септември, 2008 г. во Охрид, се одржа Меѓународна Конференција ”Социјални и духовни аспекти на материјалната култура”, на која имав своја презентација што подоцна беше вообличена во научен текст. Овој собир на етнолозите, антрополозите и јас како единствен археолог, беше организиран од страна на Институтот по етнологија и антропологија, кој неодамна го издаде и зборникот со трудови, во кој се најде поместен и мојот текст.

Ethnographic notes on Tribulums inMacedonia

Референца: Димитровска Василка, Етнографски белешки за Трибулумот во Република Македонија, Социјални и духовни аспекти на материјалната култура (Зборник на трудови од конференцијата одржана во Охрид, 20-22.09.08), Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, Skopje, 2009 (eds. Svetieva, Ashtalkovska), 218-226.

Reference: Dimitrovska Vasilka, Ethnographic notes about Tribulums in Macedonia, Social and Spiritual Aspects of Material Culture (Collection of articles from the Conference held in Ohrid 20-22.09.08), Institute of Ethnology and Anthrpology, Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Skopje, 2009 (eds. Svetieva, Ashtalkovska), 218-226.

7 COMMENTs

  1. Vnimanieto mi go privlece prilogot za kremenot. Mislam deka ne treba da se zadovolite samo so “registriranje” i “opis” na arheoloskite naodi tuku da odite eden cekor potamu. Ognot (pokraj rabotata) mu pomogna na covekot da bide toa sto e-da se “izdvoi” od zivotinskiot svet i da izgradi CIVILIZACIJA.
    No, “civilizacijata” sto se temeli na plinski zapalki moze da se pokaze kako mnogu PROBLEMATICNA (ranliva). Sto ako SNEMA plin ili se potrosi a ste se nasle nekade vo suma navodenet i izmrznat (drva ima no nema so sto da gi zapalite)?
    E, kremenot (“ckamakot”) nema NIKOGAS da ve predade.
    Zatoa smetam deka treba da se pokrene postapka kako eden od glavnite uroci na ucenicite da bide usvojuvanjeto na postapkata za palenje na ogon so kremen.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here