Home Археологија Како убив артефакт? – репринт

Како убив артефакт? – репринт

2,355 views
1

 

De (art) e – fakto!!!

Никогаш не сум била настроена ниту за деструкција ниту за критика. Велат кој критикува, ке биде критикуван. Не сакам да звучи ова како мајнорити репорт, ама едноставно преку некои работи не можам да поминам.

Ајде на момент да се запрашаме што предизвикува девизуелизација на културното наследство кај општата популација. Како прво отсуство на интерес за сопствената култура, како второ отсуство на интерес за сопствениот идентитет и како трето и најважно…отсуство на податоци за себе. А што знеме ние за себе си…? Оф немоќ…ли немоќ…

Никој не ги приморува археолозите да дадат некои тези, да пишуваат научни трудови и монографии, но секаде во светот (па ете ви ги балканскиве држави) практика е по закон дека мора најмалку една година по ископувањето да биде поднесен извештај кој ќе биде публикуван и на сите достапен. Значи зборувам за пуки информации, ископавме таму и таму, најдовме тоа и тоа. Еве ви текст, еве ви слики и доволно е.

До кога ќе ги трпиме лагите дека се немало пари за хартиени верзии на некој научен труд (кога сите знаеме дека тоа не чини скапо). Во ера на информатика, не постои оправдување за тоа што и се случува на македонската археологија. Некои од археолозите се здобиват не само со дневници..туку и со модрици (ментални) од премногу археологија. Ако ги оставиме настрана силните пари кои се дадени за археолошки истражувања во изминатите 40-ет години, каде се сите тие извештаи, стручни трудови, книги и монографии. Во отсуство на продуховеност кај нашиот народ, едноставно се остава подлога да се посее семето на незнаење како причинско последична појава на непубликувањето на археолошките податоци. За синтетички дела и некои појаки тези не сакам ни да споменувам…

Археолозите се жалат како немале пари. Мајката…еден Зборник и Акта ги печатат малтене 10 години..немале пари. А од тогаш поминаа уште 3-4 симпозиуми. Значи следните резултати да ги очекуваме после 20 години. Зарем е тоа оправдување. Во 21 век кога и дете може да си направи сопствен (бесплатен) веб сајт или блог и да си стави свој научен или (не)научен текст (напамет), непубликување на ископувањата (не истражувањата) е рамно на криминал.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here