Се наогам во еден археолошки камп кој е покрај река, и каде помегу дрвените бунгалови растат сливи и јаболки, а поделен е на неколку области, во кој освен самиот локалитет на кој се ископува и бунгаловите во кои спиеме, има и низа на работилници ѕа експериментална археологија, за печење на керамика, за дигитална археологија, за делкање на камен итн…Собата ја делам со една францускиња и една гркинка, и ама баш не можам да се пожалам на моите колешки. 🙂 Постојано се одржуваат предавања од гости кои доагаат од сите страни на светот, а работата не престанува практично никогаш.
Кога човек ке добие едукација и тренинг кои се на највисоко светско ниво, зарем постои нешто поубаво од тоа дека ја исполнил мисијата која ја зацртал за некој одреден временски интервал. Е па сега, во моментов ме мрзи да пишувам за нешто повеке. Срекна сум што има интернет и од време на време можам да го споделам светот во кој се чувствувам срекна со моите пријатели…
So my friends, so long,… до следното јавување….